Фала мила...да, во Борн бев кај Влатко...До 30 Ноември сум на боледување, а после тоа немам поим како оде постапката за патолошка...ама сигурно знам дњка ке одам на ГАК зошто таму ми се тимот доктори кај кои правев прво ивф и се надевам дека без проблем ке ми завршат работа
Немаат во Гак конзилијарно заради ситуацијава,и јас имам таму познати,ајде ако имаш пред мене некое инфо те молам извести ме
Пиј многу вода, излези на чист воздух, мене така ми помага и ако ја измијам косата со блага масажа и млака вода. Можеш да примениш и масажа во вид на кружни движења на ушите каде што се ставаат обетки ( на мекото месесто делче од увото )
Вчера бев на втор преглед во 9+1 и си ги видов двете бебулиња. Срценцата им чукаа и се беше во ред. Едното како малку помалецко ми се виде ама докторката не рече дека има проблем некој. Двојајчани се, па си мислам дека покасно е зачнато и затоа. Едно над друго се поставени. Како на спрат Јас бев многу исплашена бидејќи немам никакви симптоми скоро. Само малку градите ме болат. Се изначитав глупости по интернетов дека ако немаш симптоми можеби нешто не е во ред. Ама фала му на Бога во ред се двете. Сега за две недели Приска трстирање. Па со лесно нека ни е на сите и да си родиме здрави и живи бебиња.
Аиии шубо двеее баш ми е мило не се секирај за симптоми можиш само болни гради до крај да имаш и то е то и баш поубо со лесно да ти е до крај а и на сите нас здравје боже се во ред да биди
Да ве прашам спиете на стомак? Јас сум 5+2 уште не сум била на лекар чекам да ми закаже др. Снежана што ми ја препорачавте ( рече не е касно и 7ма недела да е првиот преглед) . Да се навратам на прашањето шубе ми е да спијам на стомак и спијам на страна па во сред ноќ имам болки во колкот на таа страна што лежам, некој совет да ги немам тие болки?
Сите ги имаме тие болки. Сега за сега не е ништо и да се свртиш на стомак во спиење, не се плаши. Со тек на време нема ни да можеш. Пробај стави си перница меѓу нозе или додека спиеш позади тебе на грбот ( јас моментално така спијам со две перници).
Со среќа кај докторката...ке видиш дека не си згрешила што ја одбра неа... Рано ти е уште за преглед,можеш по 2 недели да одиш.. Јас спијам на стомак а сум 7 недела,така да сега за сега нема никаква опасност... Самата ке си осетиш кога ке дојде време да не спиеш на стомак.. Сеуште е многу рано
Па валда они од таму ке ме насочат каде има,каде да одам...најпрво ке одам кај матичната,недела дена пред крај на месецов да видам таа што ке ми каже,па ке ти пишам обавезно...
Истото го размислував и јас, пошто во пренаталниот се опфаќа и делот којшто се тестира со приска. Фала за споделеното мислење. Ќе си прашам секако на следниот преглед дали има смисла воопшто приска да правам.
Здраво девојки Завчера бев на преглед и бев 8+3 Докторката кажа се е супер, и следно видување ми закажа почеток на декември кога ќе влезам во 12та недела за да правиме ехо и незнам уште што Во меѓувреме да проверам крв и тироидна жлезда Дали во 12та недела всушност ќе биде и тој скрининг и некој друг преглед? Ве читам овде ама некако не ми се јасни работите
Фала на одговор, јас вчера се јавив кај матичниот пошто видов дека има термини за скрининг и сестрата ми кажа дека тие се само за втриот скрининт, а за PRISCA давале само лаб. упат. И нормално денес веќе нема термини... Значи, не се информирани како оди постапката и сега не ми останува ништо друго туку да си дадам 4.000 за приватно да си направам лаб + 1.000 за скринингот кај матичниот. Оф леле земјо Индијо....
Да се дополнам...пред малку се јавив на гинекологија ми кажаа дека може да се направи само лаб кај нив за PRISCA, треба само да ги имаме мерките и матичниот да издаде упат за лаб за на гинекологија. Мерките може да ги направи или матичниот, или приватно, или може и на ГАК ако се најде термин.