Јас првите два месеци пиев и фолна и Femibion 1. Фолна наутро, Femibion 1 на пладне. Од 4 месец продолжив со Femibion 2 и со магнезиум. Сето ова по препорака на гинекологот...
ме интересира дали во првото тримесечје сте оделе на море, езеро, базен??? Дали внимававте на тоа односно дали има некакво лошо влијание водата? Што ако не знаеш дека си трудна па и онака си одиш на одмор на пример?
Јас и со првото бев на море и сега бев (уште не знаев дека сум бремена кога бев таму) и пак ќе одам во октомври. Така да ич не се секирај.
Здраво девојки, Јас сосема неочекувано и непланирано испадна дека сум бремена. Обично добивам на 32 дена. Последно имав добиено на 2 август.Откако помина денот кога требаше да добијам, направив тест со мокрача, од аптека и испадна негативен. Си помислив можеби ми доцни од стрес, промена и сл. па не се загрижив. Но откако поминаа повеќе од 2 недели отидов на гинеколог. Тој ме гледаше на ехо и ми вика, не гледам ништо во маткава, ама оди испитајбременост преку крв. Испитав и што да видам Позитивен тест. Докторот ми рече да почекам до петок, па да проверам BHCG со титар, да се види дали можеби е многу рана бременост, штом не се гледана ехо или недај боже вонматерична. Доколку пак вредностите се мн малиможно е и да имам спонтан абортус. Имал некој сично искуство? Некако сум мн загрижена, 300 филма ми се вртат низ глава.
Здраво девојки! Еве и јас да се пофалам трудна сум до денес 5+0 г.н. Едно што ме загрижува е што јас нермам никакви симптоми ниту ми се гади, ниту повраќам, не ми смета миризбата од јадење, не ме болат градите.Малку ме болеше стомакот првите два три дена ама ставам утрогестан 200 сабајле и навечер.Бев Минатиот петок на гинеколог и се виде само сакус бидејќи беше рано за ембрионот да се види. Страв ми е што немам симптоми така ми беше и претходниот пат и имав спонтан. Дали на некоја од вас и било така во почетокот на бременоста? Ама буквално како секој нормален ден да ми е, да не ми доцнеше никогаш нема да помислам дека сум трудна. Поздрав до сите и имајте убав ден !!
И јас бев како тебе бидејќи и јас имав спонтан претходно,кај мене почнаа мачнините дури кај 7-8 недела...
Мојата бременост беше таква без повраќање, гадење, осетливост на мирис единствено градите ме болеа и имав 2-3дена болки во јајници. Примав утрогестан наутро и навечер до 4 месец. Не си прави лоши филмови, мисли позитивно и уживај во бременоста. Јади многу овошје и зеленчук. Зимски период обавезно портокали, киви, банани, мандарини и секој ден по 8-10 зрна аронија (купи си замрзната и секој ден одмрзнувај си) Ова што ти препорачав е одлично за крвна слика и за бебуш.
леле луѓе мене ни ми престанува уште белиот исцедок, нема мирис не ни густ ни течен а веќе еве 10та недела ја раситнив. до когаќе е вака и далие нормално? кога бев на гинеколог ми рекоа дека е нормално во првите неколку недели, дека се е во ред и само пре мама ми дадоа да пијам, по едно на ден. сега во 12та недела ќе треба да испитам брисеви и пак крвна слика, па некој со вакво искуство? убав ден, позз
@bela24 нормално е тоа, чим не те чеша, пецка, боли и сл. не е за паника. П.С. префрлетесе во темата триднички муабети, таму се сите трудници, па повеќе искуства ќе добиете
Здраво на сите , еве и јас денес дознав дека сум бремена во 5недела и ми кажа да дојдам после 10дена, сакав да прашам кога се прават микробиолошките тестови и првите тестови з крв, ми даде фолна киселина дали можем некој друг витамин да.внесувам на своја рака, јас пиев железо гинекологот ми кажа да престана, инаку имам благи болки во левата страна дали е тоа нормално .
Нормално е да имаш болки кои не се со јак интензитет. Мој совет е немој да пиеш ништо на своја рака. Обично на почеток даваат само фолна и магнезиум. А микро и ПАП ќе ти прави околу 12 недела. Имаш време.
Сакам да прашам кога се слуша срцевите очукувања во која недела, и кој чаеви теба да се ибегнуваат да не се пијат, јас сакам многу чај од ацерола смеем ли сега да го пием ?
Здраво на сите после една година упорна забременив И веднаш штом разбрав отидов на доктор но ми рекоа дека е рано ниту ме прегледаа (Во странство) Ми рекоа дојди после 3 недели..А едвај чекав да ми потвради да слушнам од доктор бремена сте!!!но ме разочара пресмета дека по последната менструација сум била 5 ипол нед и ми рече дојди за 3нед! А со маж ми дојдовмр на одмор во Ѓерманија после 2 недели еве откако бев првиот пат и отидов на контрола да проверам не можев да чекам..ме убиаа грижи...И ете вчера отидов преплашена дали ќе го слушнам срцето си мислев 1000 негативни работи И ете легнав ме прегледаа го видов бебушот обвде е ❤️ ајде сега срцето да видими дали има срцева акција..се тресаммм и гледам ми зимираше трепла кц,кц,кц..живот во мене!!!го слушнавв!!! Солзи сами ми потекоа Се збунив,пресреќна ќе станам мајка!!!со Бога напред да биде со нас сите да не штити од несреќи да ни го чува плодот и се да се одвива во најдобар ред!Секој да дочека!! позз
Zdravo, proveri, nekoj otvori tema specijalno za caevi vo bremenost, jas od stav ne pijam nikakvi iskreno, no ne znaci deka site se zabraneti. Srceva akcija nekade megi 6 I 8 nedela od prilika.
здраво кристинце здраво нови мамички,мило ми е што почнавте да пишувате на оваа тема а не во труднички муабети .Би требало веке на наредниот преглед да има срцева реакција но и да неме не е страшно немој да паничиш се зависи кога е зачнато.Јас сум инаку 7 дма недела ,докторот ми рече да направам 11 та недела крв,седиментација,урина,уринокултура и на 12 та недела да отидам пак на контрола со сите резултати .Од втамини само фемибион 1 ми даде и јас некогаш б 6 пијам друго ништо.На колку недели,месеци ви рекоа на преглед ?Мене после 6 недели и си викам да не е касно толку после месец ипол незнам...???