Дааа, скроз исто. Сега сум при крај на 9-та недела и полека се стабилизирам. Но изминатите три недели беше хаос - преку ден ми е топло до потење, а навечер пушта клима на 28 степени, облекувам дебела блуза и дуксер и седам под ќебе и пак ми е ладно. После пола саат-саат ми поминува. Прашував, викаат дека е нормално зашто организмот си имал свои механизми некои на приспособување
Аи сум пишала скринингот не е веродостоен, мислев на париската @Prolett има и други добри, ама кај него почнав и продолжив. Ќе ти каже тој што да правиш после скринингот. Ќе биде се во ред
Здраво девојки ви посакувам убав викенд на сите но пред тоа да си ги тргнам темните мислите од глава со ваша помош - Забележав како мало потекување на едната внатрешна срамна усна, немам болки ни јадеж само усната е малку поголемка од другата и е побледа. На интернет се изначитав страшни работи , некоја со слично искуство?
Мамички, го користел ли некој гелот од Алое вера еси за акни во рана бременост? Разбрав дека многу помагал и дека бил на природна база и може да се користи во бременост, не е штетен за плодот. Мене не ми е нешто страшно лицето, се надевам дека ќе ми се среди здравје во второ...ама пак како превентива Ваши искуства?
Јас почнав да го користам по препорака на @Milkiway, лицето ми беше катастрофа, сега ми е чисто стакло, по 1 недела редовно користење. Од зегин го зедов, околу 250 денари.
Потврдувам. Грбот ми беше цел исфрлен неколку мачкања и ме оправи скроз. Еве уште си го користам и сега породена си се мачкам за изгореници гребаници исто помага
И јас го користам една недела веќе, и сум многу задоволна. Јас имам ситни акни на челото, и по некоја хормонска на брада или образ, ми се уништи лицето мене во бременоста искрено. Го користам овој гел и сапун за миење лице и скрос ми ка смирува кожата, а брунчињата сите скоро ми се исушени и намалени. Дефинитивно вреде за само 250 денари е е природен со алое вера и чајно дрво што се користе скоро во сите креми што се наменети против акни. @Milkiway да ти се позлати устата шо ни го кажа.
Јас ставам секој пат кога ќе ми текне, минимум 2 пати дневно, некогаш и по 6-7 пати. На него пишува дека е 100% природно, нема мака. Малку ставам, зашто е прилично густо, размачкувам, тапкам и толку. Плус, многу убаво ми мириса.
Исто, исто, еве сега баш се миев лице со сапун и ќе се мачкам сега пак, трет пат денес ќе ми е. Јас на цело лице ставам како крем ми е, и да преубаво мириса, на чисто, на свежо. А се приметив преѓеска на грб ситни ми испаднале од сега и нив ќе ги мачкам, и на нозе што имам се мачкам исто. Ма сегде кај видам шлапам оти нели природно си е природно.
Zdravo devojki jas.sum veke 7ma nedela i nemozam od krevet da stanam.kd macnini.Nagon za povrakanje i malaksanost ne postoi hrana sto sakam da ja jadam a znam deka moram nesto da vnesuvam Ve molam za sovet
Мила јас од 4+ недели,еве сега сум 10+ постојано сум со мачнини и повраќање,пред да останам бремена си бев на здрава храна ама откако ми се појавија мачнините јадсм само тост сендвичи пица леб и единствено од тоа не ми се гади,иско јас јадам и по 3-4 саати повраќам па пак јадам и така во круг.Знам тешко е сма мораш да јадеш,најди која храна ти одговара и не се сеќирај.Јас пробав и со антиметил и со што уште не ама тоа е се навикнува човек плус јас си викам за убаво е,слатки маки се.
Здраво ! Гледај да имаш три главни оброци и барем две ужинки. ( тоа треба да се практикува од самиот почеток на бременоста ) Наутро кога ќе станеш пробај да јадеш крекери некакви, квики, двопек или нешто што неутрализира киселини. Можеш и да си земеш капки од ѓумбир против гадење. Внесувај вода за да не дехидрираш. Со лесно нека ти е
Мој совет е никако овошје од сабајле ниту пак сокови. Јас кога ќе каснев се убивав од повраќање. За доручек јади повеќе лепче тонус мене многу ми помага и варено геврече, ги впива некако киселините. И јас имам цело време омалаксаност и главоболки и така некако ко да ми е лошо цело време но фала му на Бога откако направив некои промени во исхраната не повраќам
Јас пијам цеден портокал со лажица мед, ѓумбир и цимет и не ми се гади од тоа, Доручкувам и ручам, ужинки ретко ако каснам нешто овошје, навечер не вечерам пијам само чај, мачнини имам ама не повраќам, и цело време сум со милион болки, малаксаност, умор, подуеност