Кај секој различна храна предизвикува мачнини но ти пиеш од сабајле ѓумбир а тој е баш против гадење, само биди внимателна не смее во големи количини да се конзумира. Ќе издржиме некако и да се надеваме во второто тромесечие полесно ќе минеме
Веќе сум при крај на 8ма гн. Пред неколку дена осетив како сите симпоми кои што ги имав претходно, како да ми се намалуваат, односно не ги осеќам со ист интензитет како претходно. На пример, станував еднаш навечер обавезно за мокрење, скоро при секое вртење навечер ги осеќав болките во градите, неколку пати во текот на денот осеќав повремени гречеви во матката. Веќе имав еден спонтан абортус, кој заврши многу рано. Сега некако сум подисплашена поради тоа што престанав да ги имам истите симптоми до сега. На контролен преглед сум следната недела, во четврток. Имам дилема дали да го чекам тој преглед, или да отидам на приватен преглед, чисто да се провери што се случува? Не сакам да ширам негативна енергија низ трудниците Само сакам да прашам дали некој поминал низ нешто слично на ова што го спомнав погоре?
Да не му ја мислиш ич. Симптомите ќе се менуваат. Некои денови ќе бидат поизразени, некои нема да ги има воопшто. Тие симптоми што ги спомна погоре ги имав и јас на почетокот, само тоа, ништо друго. Еве 15та недела терам, сега ни тоа го немам веќе од кај 7-8 гн. Уживај во бременоста, не мисли на лоши работи. Гали си го бебушко и не се стресирај за џабе. ❤️
Јас бев денес на скрининг кај Д-р. Симонида и сум презадоволна Инаку вкупната цена на ехо со приска е 9000 денари
Мoжеш на клиника прават сo упат oд матична. Нo мене матичната ми кажа дека не билo паметнo да се влечам пo клиника и каj неа самo ехo да направам.
Јас бев на државно за ич пари во чаир.Се си е со термин нема чекање. Ќе си држиш дистанца,влегува еден по еден за 5мин.си готова
Да да, ова за во РеМедика пишав бидејќи погоре ме замоли една членка да и дадам инфо кога ќе дознаам.
Нема проблем,премногу е за ехо и приска 9000ден. ,јас 9000 нема да потрошам за прегледи во текот на цела бременост реално. Има и добри доктори на државно зошто да ги заобиколуваш.Ако е ради коронава па не знаеш каде може да ја закачиш не дај Боже. Приватен преглед плаќам за втор скрининг кај Димчев зошто сум презадоволна како ми помогна со првото дете,другото си одам државно.
Фала ти! Има некое правило дали треба да си јаден/не треба да си јаден (ради крвнава анализа прашувам)?
Еве јас да ти кажам како ми беше пред една недела. Со полни 9 недели ми исчезнаа симптомите. Ништо не чувствував. Отидов на контрола и и кажав се на докторката. Таа само ми рече да не носам заклучоци пред време и да видиме што се случува. Се беше во ред. Можеби си и ти една од среќничките кои немаат многу изразени симптоми така да не се секирај.