Полека се префрлам во другата тема па сакам да заокружам какво беше моето искуство досега Прво за бебуш -Направен прв скрининг кај Др.Димчев си се развива како што треба, направен верифи се е океј Што се однесува за мене лесно ја поминувам досега и втората бремњност без поврќање пиев фемибион 1 и витамин ц, сега се префрлам на прегнакер Еднаш имав болки во кичма и колкот бидејки физички не внимавав, чекам резултати од брисеви, шеќерот ми е покачен и сум на режим на исхрана па место да качувам, ослабев кило и пол досега. На сите лесна бременост ви посакувам и чувајте се од коронава❤
Убав почеток на второ тромесечие, со лесно да си го тераш. Чувај се. Да, јас така знам до 14та најкасно. Но тука негде прочитав дека е најдобро измеѓу 12та и 13та, нека ме исправи некој ако грешам.
Јас денес 9+2 и може да се каже дека сеуште немам никакви физички симптоми, освен повремена болка во кичмата во долниот дел и повремени болки во стомак. Јадам се, и мачнини сум немала до сега. Е арно ама, мене симптомите ми се повеќе психички .. преголем страв од се и сешто, параноја, нервоза и чувствувам дека е од промена на хормоните... на страна моменталнава ситуација со пандемијата, што дополнително придонесува на стрес. Само ми е чудно како физички немам никаков симптом, има моменти во денот кога и заборавам дек сум бремена за дел од секунда... Друго, гледам веќе почнува стомакот да ми се познава минимално и така. Тоа е мојот update.
Тоа што немаш симптоми и не е така лошо. Секако е подобра опција отколку да повраќаш. И јас сум многу слична на тебе. 10+3 денес, ниту ми се гади, ниту повраќам, сѐ си јадам освен не многу месо што не ми беше и претходно омилено. Страв чувствувам и јас, мислам дека е нормално со оглед на ситуацијава, хормоните уште ми немаат мислам до толку влијание. Освен што си плачам некогаш за ништо, па после 5 секунди се смеам. И мене исто ми се случува да ‘заборавам’ дека сум бремена, поради тоа што немам некои константни симптоми. А стомачето исто така почна да ми се познава и ептен ми е чудно пошто ми е прва бременост и мислам дека е многу рано. Ама очигледно и тоа си е индивидуално.
И jас сум вo групата без некoи страшни мачнини... Малце имав на пoчетoк, нo некакo пoлеснo се чуствувам за разлика oд првата бременoст кoга се убивав oд спиење. Oд денес 11+2 лета времетo пребрзo, на мoменти забравам дека сум бремена Иначе мене ептен ми се суши кoжата, лицетo и паѓањетo на кoсата и oнака не ми се средиjа oд првата бременoст Другата недела прв скриниг, за првoтo правев и приска сега дoктoрката ме убеди дека не е безбеднo да се oди на клиника. Малце ми е шубе штo ќе бидам самo сo скрининг без земање крв нo се надевам дека и тoа се си пoкажува . Пoздрав мамички и сo леснo
Хелоу... јас сум денес 8+1 и немам исто мачнини, ама баш никакви во поглед на повраќање, гадење од храна и сл Повремено имам само киселини и малку потечени гради... дури и јас на моменти заборавам дека сум бремена. Со лесно да ни е на сите! Ве гушкам
Мислам дека на паковката од чајот имам прочитано дека не се употребува во бременост. Пиј си од брусница.
Не смее... само брусница и многу вода. Ама ако имаш проблем провери веднаш уринокултура и консултирај се со доктор, не оставај така.
Јас со првото бебе кога бев бремена еден период лежев во болница, цимерката во соба со мене имаше проблем со бубрезите, пиеше по 2-3 литри увин чај дневно по налог на лекарите во болница,така да мислам дека смее, роди здраво бебе.
По препорака на лекар, секако смее и антибиотици, и секакви лекови. Треба користа да е поголема од потенцијалот за штета, а тоа одлучува докторот. На своја рака не треба увин.
Увин чај се пие кога имаш настинати јајници, или некоја инфекција на мочните патишта. Доколку уринокултурата е чиста а осеќаш болки во јајниците можиш да пиеш, или и ако имаш инфекција - се препорачува изладен и до 1л на ден можиш да пиеш. Но, можеш така до 3 4 денови, после пауза правиш од неколку дена. Јас пијам еднаш до два пати на двете недели по 1 литро. А другите денови брусница си пијам.
Другарки помош.Тие што се со генска мутација MTHFR C 677 кажете ми кои пренатални витамини ги примате.Гледсм во фемибион има 200 метилирана и 200 обична.Има некои со метилирана фолна киселина?
Фала ви на сите. Немам никаков проблем, чисто онака прашав, баш испитував претходна недела уринокултура се си беше во ред Ќе си пијам од брусница ко така
Метилфолат на NOW од 1000мг и фемибион. Димитров од Ремедика ми рече нема штета и од обичната фолна, важни се и другите витамини да се примаат