Од утре почнувам и јас маратон ко така* Ај дај боже, оти незнам баш мислам дека е момче Ќе ве известам кога ќе дознаам здравје
Zenski jas sum 8+4 ama imam mnogu losenje I nesonica nemozam ni denje da spijam ni noke se osekam postojano so energija ama mi fali sonot navecer .
Јас 12+3 бев кога матичната ми кажа дека претпоставува дека е машко. Во петок сум пак на преглед (16+3), ќе видиме дали ќе потврди или ќе смени мислење. Ама обично за машко порано се гледа, а за девојче покасно. Јас барем така мислам. На крајот на краиштата, најбитно е да се живи и здрави.
Ако не здравје ко ќе се породиме ќе си кажиме Да да најбитно е тоа, али сепак ај малку да си се искажиме што мислиме
Мене гинекологот ми рече дека до 16 недела сите делуваат како машки, дека дури после 16та може убаво да се види, а на 2 скрининг најсигурно ако не се крие бебушот
Јас само што направив тест, после недела дена сонував дека имам машко бебе. Едно убаво буцкасто, како кукла. Ама ова не го рачунам за претчувство пошто сонот е рефлексија на потсвеста, мислам дека не постои такво нешто да осетиш што е. Не знам можеби грешам... Околу мене сите ми викаат дека осеќале дека девојче ќе биде, не знам како тоа осеќаат. Маж ми дури ме гледа еден ден и ми вика вака по стомачето ми изгледаш дека женско ќе биде, а до тогаш нејќеше да признае што сака. Викам аман бре баба Ванѓо од кај во тебе овие муабеи, да не сакаш ти да биде женско? Вика пааа 50-60 сум 60 % сакал женско а 50% машко хахаха смешки.
И мм сака женско.. А јас велам што и да е, здраво и живо да е.. Не повраќам, немам многу мачнини.. Имам редовна столица, да поправена сум.. Ми велат сум побуцка.. Посебно во лице. Само да е здраво и живо.. Ајде со божја волја,
Не, не, ако погодувајте. Јас имам афинитет кон солена и кисела храна, благо Значи уште има фора некоја лепотица да испадни
А јас имам чувство дека ќе биде машко, уште од почеток така го нарекувам, несвесно, кога го ословувам или збориме за бебето се обраќам во машки род. Која недела се дознава полот? Мене следен преглед ми е дури некаде 20ти декември, тогаш ќе бидам некаде 13та недела. Кога сум кај прегледите, мојата докторка е ептен добра, професионалец, и со добро реноме и репутација, ама некако како да е многу лабава со мене, на пример ми нема дадено ниту крвна слика да направам, пап и брисеви и ТОРЧ правев додека пробувавме, и тоа самоиницијативно... Ништо уште нема спомнато за скрининг, еве како што кажав следен преглед ми е после 20ти декември, тогаш ќе бидам 13та недела, а гледам вас скрининг сите ви закажале порано... не знам што да мислам.
Јас со првото многу сакав женско, сите ми викаа машко е, и ете го мил на мајка, сега не би го сменила за 100 женски, сега па сакам повише пак да е момче, ради малово да се играат некако машко друштво а сите околу ми викаат дека е девојче.Е сега различно од првата бременост ми е што ми с епојавуваат чат пат акни и косата ми паѓа, а со првото имав чисто лице, разубавена бев и имав убава коса,а сега не се осеќам така разубавена
Оди една 1 недела порано направи си скрининг, во 12 недела е најдобро, и смени си ја матичната, јас мојот матичен го сменив во 10 недела сега и мислам дека не згрешив
И јас од кога дознав дека сум бремена и кога правиме нешто муабет за бебето и јас цело време зборувам во машки род, а и на фб ако видам некој бутик за бебина и некако постојано гледам за момчина па ќе видиме што ќе биди А за матичната незнам оти така и да најдобро смени си ја, јас еве 10+ сум па и два пати крвна слика испитав и мокрача и брисеви баш вчера ми зедоа... и за скрининг мислам најубаво да одиш кога ќе си 12+
Со гадење завршив ама будење сред ноќ и лош сон со кошмари имам,за гадењето Антиметил ти препорачувам,ептен ми помогнаа,нз што ќе правев без нив. Пијам форвита антистрес,тоа е Mg со B6 и плус само В6,инаку читав за лошиот сон дека е убаво пред спиење да не чачкаш многу по телефони,гледање нешто лесно на тв,почнав да применувам последниве неколку дена и по ок ми е. Пробај
Точно сите органи се гледаат и ќе се види тоа меѓу нозете ако не го видат остануваат пак резервирани да не соопштат дека е женско за секој случај да не избрзаат,и кај мене беше така ама и денес не видовме ништо во меѓуножје, женско е. Битно да се живи и здрави.
А женски дајте и некој совет за спиење... веќе не си ги осеќам колковиве де на едната страна, де на другата страна спијам
Ти треба помек душек, или па стави нешто под чаршафот нешто мекичко како ќебенце и тн. Пробај и со перница измеѓу нозете, мене високо ми е перница па земам од јорганот измеѓу нозе.