Јас мислам дека треба да инсистираш да ти најдат термин, за пари си наоѓаат, иначе не гледам поента да им плаќаш како скрининг, закажи си го како обичен преглед, ако бидеш поупорна сиг ке ти најдат. Ова е само мое мислење, сепак ти знаеш најдобро
Во право си, ќе се јавам утре и ќе побарам да ми презакажат за порано. Се надевам ќе ми излезат во пресрет
Сакам да прашам уште нешто..знам дека сум досадна ....во рана бременост сум пишав ..дали е нормално на десниот препон блага болка имам?? Утре одам на прв преглед ама до утре неможам да издржам Дали е нормално??
Сѐ е нормално мила, не се паничи. И болки во стомак и во половина и во нозе и во гради, и грчеви и што ли не. Пробај да се одмориш вечерва и утре да си го слушниш најубавиот ритам на цел свет.
Ајде и овде да се пријавам девојки еден куп прашања ми се вртат ама со ред прво која апликација ја користите за следење бременост, јас имам две ама ми покажуват различно ( flo i My tracker)а исти датуми внесено, едната покажува 4 недела и еден ден другата 5 та недела и 2 дена .како?
Јас ја користам фло и ми е интересна оти дава слика за бебето во секоја недела Честитки со лесно бременост
Здраво девојки, прв пат влегувам во групава, од вчера имам позитивен тест на бременост, па сакам да ми кажите кога е најдобро да го закажам првиот преглед и на што да внимавам?
Јас ја имам I 'm pregnant...точна е,има слики од бебе какво би било,по недели кои симпотми се имат,има и чат за комуникација со др.членки.димензии на бебче за соодветната недела..јас сум задоволна
Добре дојде ти посакувам лесна бременост до крај Иначе после 6та недела најдобро за да се види се како што треба и срценце да слушниш.Внимавај на исхрана овошје внесувај млеко јогурд и витамини кои ќе ти ги дадат
Немој да се грижиш, јас истото како тебе направив. Во 12+4 ми беше кај матичната скринингот, а на 13,2 ми беше во РеМедика. Мое мислење е дека не е касно, ќе си видат они се што им треба и ќе ти кажат
Честитки и со лесно до крај. Јас ја имам Фло пошто на неа следев циклус, ама не ми се свиѓа многу. Си стои така, ретко влегувам во неа. Најмногу ја користам What to expect и Baby Center. What to expect ми е супер, многу убаво објаснуваат на интересен начин за секоја недела и за бебе и за мама и до сега сите симптоми ми ги погодуваат. Горе доле сите се слични, што и да избереш ќе ти врши работа.
Девојки, каков магмезиум пиете?? Јас пиев на Solgar - Magnesium citrate ама нешо го нема по Зегин периодов. А многу ми одговараше, ич не ме фаќаа грчеви. Сега за замена пијам на Jameson - Calcium magnesium zink ама тие имаат магнезиум оксид и некако наутро кога се будам осеќам како грчеви во матката. И на моменти у текот на денот осеќам како благи менструални болки. Иначе и од едните и од другите пијам едно апче насабајле едно навечер. И сум 11+4
Јас пијам Biolectra Magnesium 400mg Ultra. Како гранули во ќесички се. Не сум имала болки, грчеви до сега, освен некои благи минимални ако можам да ги кажам "болки" само што се нормални, ама редовно си ги земам по препорака од гинекологот по една ќесичка дневно. Инаку верувам дека внимаваш но сепак пак би ти рекла да ја пазиш препорачаната дневна доза