Мене матичниот гиниколог ми дава упут и за крвна слика и за урина и уринокултура и до сега немам платено ништо.Побарај си од матичниот гиниколог ќе ти даде упут,нема потреба 900 денсри да даваш
Јас денес правев крвна слика и упат ми даде матичен гинеколог. Правев во биотек и платив само 55 денари... така да побарај си од матичниот, треба да ти даде да не даваш пари за приватно
Јас правев крвна слика во Зегин поликлиника на Партизанска со упат од матичен гинеколог и не ми наплатија. Ми кажаа дека секаде, по закон, за трудници е бесплатна крвна анализа ако имаш упат од матичен гинеколог. Го кажувам ова за да си знаеш (инаку ја појма немав, така ми кажаа во Зегин).
Која цена е Магнезиумот на Солгар, од колку мг и колку апчиња има внатре? Јас го пијам последно тој на Алкалоид во прав, ама сопругот случајно виде вчера во состав дека има 600мцг фолати, а јас и онака пијам 400мцг фолна со ПреМама + 400мцг метилирана фолна на Солгар. Сакам да го сменам, страв ми е да не е многу фолна тоа.
Тој е околу 600 денари. 60 таблети има. 2 таблети имаат 400мг магнезиум цитрат. Јас пијам едно сабајле едно пред спиење, да си бидам покриена и ноќе и дење. Мене супер ми одговара.
Јас пијам 1200 мг метилирана фолна ( плус обична фолна 200 али таа не ми ја препознава организмот, исто ко да не ја пијам ) 1000мг метилфолат на NOW и фемибион. Од фолна штета немаш и поголема доза да е
Девојки здраво. Сакам да прашам, почувствував болка на левата страна при станување, и едвај застанав на нозе. Кратко време траеше. Почувствував и топлина. Дај боже се да е добро. Ви се случило ли нешто слично? . Инаку бев на контрола, вчера, се е во ред. И да прашам 2 3 дена ме чешаат брадавиците, дали некоја имала чешање?
И јас имав скоро вакви симптоми, краткотрајно чешање и болки (некогаш од лева, некогаш од десна страна при нагло станување или при подолго седење ако пробам наеднаш да станам). Не би требало да е проблем, до сега и кај мене е се во ред со контролните прегледи. Претпоставувам се си е дел од овој цел процес за тоа како телото си ја прифаќа и се менува во бременоста.
Фала мила, дај боже се да е добро до крај. Инаку чешањево е неколку дена, и гледам дека кожата се перути околу, а ставам крем и масло, ми помине, па по некое време пак чеша.. Ајде белким ќе се среди.. Гушки
Здраво девојки.Сакам да прашам за витамини кои пиете, дали пиете некоа метилирана фолна и фемибион плус дека мојата матична рече не,само метилирана фолна, вит.Д и вит Е да пијам па некако многу малку ми се виде
Јас пијам фемибион плус метилирана фолна 1000, Д 2400 единици, Ц 1000 и б12 1000. Но јас сум со мутации хомозигот. По колку мг ти се метилфолатот, Д и Е?
Денес ептен имам грчеви во стомакот, не константна болка, туку како да сум вежбала стомачни и сега ми се згрчени и кога се движам или дишам абдоминално не ми е пријатно, боли. И кичмата во долниот дел, тоа ми е еден и единствен физички симптом цела бременоет до сега. Премногу ми е чудно што немам никакви други симптоми, ама баш ништо. Следен преглед ми е на 22ри декември т.е. првиот скрининг, веќе на 13+ недела, ама така ми закажа докторката, па да и верувам дека не е доцна, иако гледам сите правеле порано.
Мене прво матичната ми рече само метилфолатот е доволен и витамините но кога бев во Ремедика Димитров ми кажа плус и фемибион, така да мој совет е да си земеш некои витамини плус за трудници
Јас во Ремедика ќе правам на 13+5 а за болките нормално е секој различно реагира, јас пред некој ден имав некои како сечења во матката, докторката кажа нормално е
mace малку вон темава што ја зборите, ме интересира за Димитров во Ремедика, дали он ти ја води бременоста и дали он прави скрининзи? Пошто сум слушнала дека он е повеќе за гинеколошки болести и ин витро...