Dee*Tee и јас сум во Ремедика, Јован Ефремовски ми ја води бременоста, а скрининг (и приска) правев пред 2 дена (12+4) кај Др. Елена Петрова.
Првично ми ја води матичната и кај неа си идам почесто на прегледи а кај Димитров одам на второ мислење на месец ипол. Он не прави скрининзи, повеќе е за операции и ин витра но води и бремености и врши пораѓај За скрининг ќе одам кај Котларова исто во Ремедика и ми кажа со тој извештај да појдам после кај него
Madam супер, како си задоволна? Јас бев на првиот преглед кај Јовановски, а скрининг и приска кај Котларова. Фала ти многу на инфото Јас исто како тебе нешто. Ко што и пишав погоре на Мадам С, прв преглед бев кај Јовановски пошо немаше за кај Димитров за брзо, а за скрининг и приска веќе кај Котларова по препорака дека беше и стварно сум многу задоволна. Златна е! Прашував за Димитров пошто ми е омилен човек, професор ми беше на факултет и баш сакав кај него да одам Ајде ќе размислам за понатака...
Според мое искуство а и што сум слушнала многу други, дефинитвно не е грешка! Не сум сретнала негде лош коментар за неа. Една мила жена, смирена, фина, се детално гледа и ти објаснува. Полот ако може да го види и тоа ти кажува ако сакаш да знаеш. Кај мене многу се вртеше бебево никако не можеше да види, па ми рече за 1 месец сигурно ќе биде и поголемо и ќе се види поубаво. Слободно можеш и да ја прашуваш нешто ако те интересира. А и за понатаму за совет е секогаш достапна, дури она ми се јави телефонски и за резултатот од приска да ми објасни сѐ...
Задоволна сум и од двајцата - Др. Јован Ефремовски е супер, многу е стручен и внимателен. Др. Елена Петрова е срцка, стручна, многу пријатна, мноогу трпелива и ми одговори на сите можни прашања што и ги поставив
Консултациј со вас 10+3 сум и немам уште меше. Се приметувам дека навечер уште спијам на стомак. Заспивам на страна ама се будам на стомак, несвесно се вртам... исто и на грб ( Како спиете вие? Може ли нешто да му наштети на бебче ако спијам на стомак, а сеуште немам меше?
Не, ама со време навикни се на лева страна и чат пат на десно, за полесно да ти биде преодот. За на грб дури во трето тромесечие е проблем.
Мислам дека не може да му наштетиш, но пробај да се навикнуваш некако да спиеш на страна. И мене порано ми беше незамисливо да не легнам на меше ама се навикнав сега на страна, иако се укочувам малку. Понатаму и да сакаш нема да можеш на меше.
Па претпоставувам дека само ќе ми дојде спиењето на страна... јас колку толку се трудам на страна да заспијам, ама во сон се превртувам пак на стомак ( вас кога почна да ви расте мешетоооо? Во која недела?
Мене исто ми беше мачно да се навикнам да спијам на страна, почнав да ставам перница помеѓу нозете и една перница позади грб како потпора, пробај така
Мене почна прилично рано,12+3 сум денес и си имам мешенце, ама не е некое големо и видливо за околината сеуште. Тоа е скроз индивидуално, имам другарки што до 5ти месец немале ич меше. Ќе си порасне ич да не се секираш , се зависи до конструкција, поставеност на плод, организам итн.
Јас утре 18 полни, уште на стомак спијам. Имам меше, ама си најдувам убава позиција за да не го гмечам. Нешто како на сликава, само кренатата нога, ја кревам уште повисоко.
Јас сум 11+5 и сеуште немам меше. Можеби дека сум и баш слаба незнам Се додека тебе не ти смета мислам дека нема проблем, еве јас неможев да заспијам порано ако не легнам на стомак па колку многу и да ми се спиело, а од кога дознав дека сум бремена од првиот ден почнав да легнувам на лева страна... ми беше малку тешко на почеток да се навикнам, но сега веќе немам проблем, и кога наутро ќе се разбудам сум или на лева или на десна страна, а во текот на ноќта незнам како сум свртена
Јас сум 13 недела и кога ќе станам од спиење го приметувам малце испакнато во долниот дел али не е нешто многу приметливо али во текот на денот кога ќе се најадам е тогаш ми се познава
Здраво женски, бремена сум 5недела,сеуште не сум појдена на прва контрола, но во изминативе денови имам затнат нос, па доколку не ставам капки за нос неможам ни да дишам ни да заспијам. Што мислите дали смеам?