Можеш да ставаш само спреј за нос аквамарис безбеден е за трудници,јас кога бев заразена со ковид матичниот гиниколог и од плодност ми го дадоа аквамарис бидејќи многу ми беше затнат носот и ми помагаше.
Зависи какви капки. Смееш само од морска вода, на природна база, ништо друго. Пробај Синомарин, доста имаат позитивно искуство со нив.
Мералис спреј за нос ама за деца, дозволени... И солени било кои ама од тие немаше помош Мене ми е затнат со алергија плус се тоа резултат на хормоните(труднички ринитис) од почеток еве до сега скоро 8 месеци бев и на лекар. Не помагаа солени па ми кажаа за мералис.
@natasam во упатството на мералис пишува пред употреба во бременост да се направи консултација со лекар, бидејќи лекот по состав е ксилометазолин. А солените (физиолошки, марисол, синомарин, аквамарис) се дозволени, бидејќи се на природна база. Секако дека не се делотворни како деконгестивите, ама подобро нешто отколку ништо.
Да, ме испратија на специјалист - оториноларинголог и тој ми ги дозволи мералис, на членка Др. Трајковски од Њу Борн читав и ги дозволил.... дури и спреј добив за алергија тафен назал исто Др. се консултираше и со фармацевт пред да ми ги даде. Солени не помагаа никако ептен затнат нос и алергија со кивање... Ама од страв и јас што прочитав на упатствата еве во 8 месеци дали 5 пати ставив и од двете
Јас ги земав од Зегин важно било само да се за деца и ко беше најлошо користев само навечер минимално прскање...
И јас сум ист случај како тебе. Имам хроничен алергиски ринитис, на прашина, грини и полен сум алергична. Нон стоп сум со затнат нос и кивам, се будам со суво грло пошто дишам само на уста, катастрофа. Сите можни спрејови ги пробав на природна база, Аквамарис, Синомарин итн, апсолутно никако не ми делуваат, исто како ништо да не сум ставила. Матичниот гинеколог ми вика не се секирај може да примаш Антихистаминици ако не можеш да издржиш, само кортико не смееш. Ама мене не ми дава душа да примам ни тоа, на сите пишува дека не се препорачуваат во бременост. Не знам понатака како ќе биде, кога ќе отидам во поодминатите месеци, тек сум 12+4 и ми е тешко, не знам покасно како ќе се справувам.
А зошто се толку штетни другиве капки, јас сношти ставив од физиолошки и не ми помогна цела ноќ не сум спијана и потоа ставив од другите капки да ми пушти малку па да можам око да склопам.
@meri24 голем дел од лековите не се испитани кај трудници за да се докаже дали се или не се штетни врз плодот и ако би биле, во кој триместар би предизвикале штета. Има групи за кои што е докажано дека се тератотоксични, групи што се безбедни, а за останатите се оди на варијанта дека користа врз мајката е поважна од плодот. Конкретно за деконгестивите дали и зошто се забранети, не знам. Читни на нет. Ама ако не е 'болка за умирање', ја пре би инхалации и физиолошки. Инаку да знаеш дека може затнат нос да имаш во текот на целата бременост и тоа е нормално. Читни на ФДА, можеби таму ќе најдеш безбедна терапија за ринитис. https://www.aafp.org/afp/2003/0615/p2517.html https://www.researchgate.net/publication/275019457_DRUGS_IN_PREGNANCY_AN_UPDATE
Од позитивен тест си мерам тт преку неколку дена. И нонстоп ми беше 36.8 ; 36.9 до 37навечер. А денеска ми е 36.6 Дали и вас ви варира тт или од кога сте бремени константно ви е благо покачена? Градите многу малце ме болат, и ептен ми е страв дури понеделник сум на контрола, оххх И за долниот дел од стомакот на насабјле кога ке станам ме боли, имам грчеви, од кога ке испијам мг се смирува и после во текот на денот е добро, и се чудам зошто ми е така кога ке станам од спиење, има ли некој слично со тт, со стомаков, со гради... Што и да пребарам на нет поврзано со тт одма ковид ми испаѓа
не се паничи мене од почеток до сега еве 37 ма недела од 37 со 4 ми се спушта до 36 со 5 , и во претходни бремености исто , хормоните работат , во телото циркулира дупли волумен на крв од пред бременост се што е до 37 со 5 го рачунаат нормално ако над тоа оди температурата и трае подолг период треба да се рееагира
8 недела сум а имам од вчера има болки во половината и ниско кај стомакот нешто како менструални болки.Бев вчера кај гиникологот по еден документ и му кажав, но тој ми рече дека се вообичајни тие болки се ширила матката и да не се грижам.Сепак сакам да слушнам и ваше мислење.Искрено малку се плашам
Многу зависи колку време те боли, и колку е јачината. Слаби повремени грчеви не е страшно колку што знам. Мене ме боли само на сабајле 10+ сум јас, ама со магнезиум се смирува. Пробај пиј по едно кесиче мг од 400мг, и исто така мене кога кажав за болките ми дадоа утрогестан 200мг на сабајле и на вечер.
Povremeno ovie 2, 3 dena ne se jaki bolkite ama se osekaat.I zatoa mi stvaraat panika.Pijam magnezium od 400 mg ama tableti, ima li vrska toa i gi pijam navecer
Не нема врска исто и јас таблети пијам. Ако ти е поостра болката можеш и на сабајле и навечер. Од доктор ми е кажано мг може и до 1грам на ден
Поздрав , мене на почетокот на бременоста постојано ми беше температурата покачена најмногу до 37 . 5 , имав болки во кичмата и болки во градите типични симптоми ништо страшно
Поздравче , 11 недела сум , имам отечен крајник и мала болка во увото ама ми расте и умник баш од таа страна , имате некаков совет за некој природен лек ми е страв да не прерасне во гној на ангина , често патам од гној на крајници , Ви благодарам и со лесно на сите ❤
Хмм да знам дека така треба да биде, и дека се симптоми на бременост,ама мене ми е проблем што тт ми се спушти, а ми беше и мене благо покачена, исто и градите ме болеа, а сега престанаа скроз