Немој да се секираш и јас сега веке немам температури и некакви болки баш и во гради и во долен дел од стомакот , имам болки во стомакот кога ке ми се мокри и кога имам гасови ми прават притисок , а градите ми се премногу осетливи , се е нормално во бременост затоа нели се вика и друго стање , се е нормално додека е подносливо, се знае за лошото не дај Боже тогаш се боли премногу, се додека немаме болки е супер, немој да си се паничиш уживај душо и со лесно ❤
Прави гаргари со јод за орална употреба. Доколку не смееш да конзумираш јод, гаргари со лажичка сода бикарбона, растворена во чаша вода.
Мамичкиии Јас бев денес на прв скрининг, многу сум возбудена морав да споделам Се си е супер со бебче, дури една недела е понапредно и PRISCA денес правев и таа е супер. Така да од денес можам малку послободно да дишам Но бебче дали срамежливо или инаетчија незнам, ама само на почетокот го видовме потоа ни се сврти со грбчето и со газето дури и една слика имам и кога беше свртено добро, но со рачината го криеше лицето Се надевам сите ми сте добри
Лелеееее колку убаво! Јас сум на прв скрининг на 21ви и едвај чекам. Мислам дека бројам денови! Споделувајте вакви убави вести да се шири позитива во групава!!! Така да си истераш до крај, со лесно и со убаво!
Фала ти мила, и тебе да ти е со лесно. И јас броев денови Па вагинално ме гледаше, 12+сум мислев дека нема, но рече подобро е вагинално, а од надвор пробавме само за убава слика да направиме ако можи, бидејќи вагинално се криеше, но никако не успеавме
Браво мила,најубаво чуство е тоа кога ќе го видиш бебувчето веќе пораснатко и како мрда со рачињата и сега можеш малку да се опуштиш
Јас кога имам загноено крајници задолжително ги врзувам на вечер со црн пепер и ракија, на крпа ставам памук врз него наросувам мелен црн пепер и го поливам со топла ракија, друг лек е мед и брашно нанесен на истиот начин и супа од петле на подравка со црн пепер. Старински лекови ама мене ми помагаат
Ммм се топам. Јас сум утре на прв скрининг и со душа чекам да дојде времето. Kаде го правеше ти, за пол не ви спомнаа ништо? Знам дека е рано, ама пуста радозналост.
Ех ќе дојде одма времето чим си утрее. Држам среќа се да е како што треба Јас го правев во Плодност и сум премногу задоволна, а за полот не кажа ништо и јас прашав и вика ако се сврти бебче накај нас ќе видиме, но тоа ништо си тераше по свое и не се сврти одвај дури и му измери се што треба Сега ќе чекам следен преглед... но ако продолжи вака бебе да се инаети може и докрај да не знаеме што е
Јас знам некои мои другарки што му кажале на прв скрининг, но со резерва. На некои му погодиле, но на некои не
Мене ми рекоа машко ама дека не се сто посто сигурни,секако деновиве чекам резултати од нифти па ќе видам дсли било точно
Мене ми кажаа пол на прв скрининг.И тоа скринингот го правев во точно 11 та недела, но според мерките одговараше на 12+1.Докторката ми рече дека е девојче а за неколку дена и резултатите од Панорама ми потврдија дека е девојче