Колку чини Панорама тестот? И чисто информативно, дали го направи по сопствена желба или поради препорака од лекар?
@Madam S Можеш да разгледаш во темата "Неинвазивни пренатални тестови", таму се споделени доста информации и за Панорама и за други тестови. Јас ги постирав цените на сите пакети на Панорама затоа што го правев пред 2 недели. Ако нешто подетално те интересира, слободно прашај таму, повеќе ќе се информираш
Женски морав да ви пишам денес бев на ехо и си го слушнав срценцето на бебушот се е во ред само ми спомна дека имало точки крв околу како што ја разбрав стара крв. Ми рече дека ништо страшно не е дека со бебушот е се супер инаку сум 6 недела.
Здраво мешиња. Јас да споделам, завршивме со прв скрининг денеска. Бебе е супер, одлично си напредува и мерките се идеални рече д-р. 12+6 сум, а по мерки 13+1, си расте душиче мамино. Ни кажа и пол неофицијално, 80-90% машко. Вика ретко грешам, ама ајде да не кажувам 100%. И така мамички, се стопивме од љубов со тато, летаме во облаци цел ден.
Ау баш ми мило Ги виде ли тие мали рачиња и ноџиња? Моето на 12та недела скокаше гимнастики лом праеше Иначе и мене ми кажаа дека е машко во 12та недела и така си остана. Онаквото се гледа побрзо
Фала ти мама. Леле даа многу беше активно, си мавташе со рачињата и ноџињата, а ако ме притиснеше малце посилно докторот цело потскокнуваше. Медени се, уште сега сум заљубена до уши. Фала ви мамички.
И јас бев денес на пакнаа на скрининг и на гак, ме прегледа Лавринова, бебе супер, ми рече дека и личи на женско.
Се стопив читајќи те се сеќавам кога пишевме пред да правиш тест, како вчера да беше, а твојата душа веќе 12 недели Посебно се радувам за тебе мила, те гушкам силно и ти праќам поздрави со лесно да си го износиш до крај, знам дека си преубава среќна трудница
Фала ти многу мила. Јас со душа чекам да ни дојдеш во трудничките теми и да ни ги споделуваш и твоите слатки маки. Те гушкам.
Леле какви радости се тоа можам само да замислам. Баш ми е мило, само нека расте бебче и само радости вакви да си имаш
mnoguu se raduvam mila cekav da spodelis te mislev bidi vaka radosna cel zivot neka raste bebuska guskii
Мамички јас сум 11 недела и сега приметувам дека имам како жолтеникав секрет, нема мирис, печење, чешање и слично ... правени ми се брисеви во септември пред да останам бремена и се ми беше чисто... сега здравје во 12 недела ќе правам пак. Има ли некој искуство со ова?
Има многу до сега, баш на телевизија кажуваа... не се плаши, доколку имаш... Докажано е дека не може да му наштети на плодот. Клукај се со витамини повеќе одмор, чувај се и гали меше
Јас поминав ковид во рана бременост околу 6-7 недела бев,изгубив вкус и мирис Јас бев заразена со ковид во 6-7 недела,изгубив вкусни мирис и кашлав.Само без паника и обавезно да се следи состојбата.Јас примав витамин ц,цинковит ц и фраксипирин и сируп алпенкрафт за кашлица,многу течности чаеви вода супа цедени сокови и секако одмор.Мој совет веднаш да не се дава превентивно антибиотик туку да се следи ако се влоши состојбата дека и во рана бременост да се прими може сумамед ама јас не стасав до таму.Најважно обавезно консултација со матичен гиниколог и специјалист.Сега сум 15 недела и фсла му на господ се е супер со бебето,правев и нифти за мирна глава иако повеќе што сум со инвитро ама и за ковидот.Мене ми рекоа дека плацентата не му дозволува на вирусот да стаса до бебето.
Девојки ме интерисира дали пиете метил фолат? Од која доза? И колку време го пиете? Јас пиев долго време пред да останам трудна, затоа што имав неколку инвитра претходно и пиев пред секое.Кога испитував фолна и б12 пред некој месец ми беа над горна граница, па сега се мислам дали да ги прекинам, зашто секако сум 12та недела.Од тоа што читав дека најважно е да се земат до 12та недела.