1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.728
    Допаѓања:
    21.418
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е тоа, кажано им е на фармацевтите да форсираат одреден бренд и тоа го прават под ракав. Не може ли да ти ги предложи како добра замена или најлесно е така. Треба да знае да ти ги продаде, а не без да праша да ти ги пикне во кеса. Воопшто не се ни со слично име за да е случајна грешка.
     
    На IRBBB, KittyCat:) и mace89 им се допаѓа ова.
  2. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски
    Од таа причина не ни одам само некогаш кога другите се затворени мора таму да се купи магнезиум исто сопругот ми земаше замислете пакетчето беше отворено и извадено 3 магнезиуми -не обичен магнезиум и на парче што се дава биоелектра јас не знам дали инспекциите поминуваат само во помалите аптеки продавници треба најмногу во големите таква проверка да се направи....
     
    На mace89 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  3. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Ај да си прашам да не имал некој случај како мојот:

    Бременост според циклус: 13гн + 5 дена
    Бременост според мерки на бебето: 12гн + 5 дена

    Според која мерка од овие два се рачуна due date? Дали според мерките на бебето, или сепак си е според циклусот? Кај мене дека не се совпаѓаат, па некако чудно ми е :)
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски
    Според големина на бебе заради тоа што може да е покасно зачнато
    Мене бебето ми е во интервал ден поназад,точно на ден и два дена поназад и секогаш ја пишува спрема големина на бабе датата за пораѓај
    Сепак вака мене ми кажаа ти прашај си гинеколог за секој случај
     
    Последна измена: 15 декември 2020
    На IRBBB и Chrysanthemum им се допаѓа ова.
  5. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Според циклусот пошто по мерките може некогаш да се разликува може да биде напредно или пак да биде за неколку дена назад зависи
     
    На Luna91, thelittle17, Chrysanthemum и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.728
    Допаѓања:
    21.418
    Пол:
    Женски
    Според последна менструација се рачуна ден за пораѓај. Мерките се менуваат, моето на 6+3 по менструација беше 5+4 по мерки, а на 12+6 по менструација беше 13+1 по мерки. Што значи се изедначило па и надминало.
     
    На mace89, ivance.. и Chrysanthemum им се допаѓа ова.
  7. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    @KittyCat:) @ivance.. @Bella_Stella

    фала ви за споделеното мислење. И јас како што знам е според последен циклус, ама од пуста радозналост кога се логирам на апликацијата за следење на бременоста по недели, сакам да знам точно колкаво е и што се случува. Само кај мене не важи баш тоа што го читам, пошто цело време е помало. Ама нема врска, најверојатно ќе се изедначи понатаму.
     
    На ivance.., Bella_Stella и KittyCat:) им се допаѓа ова.
  8. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Кај мене мерките на бебето доцнат две недели и матичната ми рече дека ќе рачунаме според мерките.
     
    На Chrysanthemum и IRBBB им се допаѓа ова.
  9. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Кај мене е обратно , според големина е постојано понапредно, дури на првиот скрининг беше цела недела понапредно. :lol:
    Но си рачунам според циклус, барем така мислам дека треба.
     
    На Chrysanthemum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    @Sunshine*baby @Naatashka123

    Баш ме насмеавте :D
    Од чиста љубопитност ми беше прашањето, мислев баш онака да не има некое правило кое сите го применуваат.
    Сепак, секоја бременост си е различна приказна.

    Најбитно од се' е да ни растат мешињата и да не' прават среќни :l::hug:
     
    На mace89, Sunshine*baby и Naatashka123 им се допаѓа ова.
  11. Rainbow_baby

    Rainbow_baby Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ај да си прашам, ептен рана бременост сум, дури непотврдена од доктор на ехо ради ситуацијава со корона и свашта, и од пладнево особено вечерва имам поизразена болка лево дали во лев јајник не знам точно од каде е болкава. Не е постојана туку на вртење во кревет или движење ја чуствувам. Што може да биде? Има ли некоја со вакво искуство?
     
  12. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Јас сум 12та недела и баш ја имам истата болка и тоа понекогаш ептен силна.Тоа само кога се превртувам од една страна на друга.Кога бев на преглед го прашав докторот, рече дека се е во ред со јајниците и дека е нормално.Не се секирај, се случува од време на време и е сосема нормално.Кога ќе одиш на преглед можеш да го прашаш докторот, но верувам дека се е во ред.
     
    На Chrysanthemum, mace89 и Rainbow_baby им се допаѓа ова.
  13. Rainbow_baby

    Rainbow_baby Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Со кој интензитет ти е болката, кај мене е како да имам циста во јајник пред добивање, така ме заболува и кога ти се појави болката?
     
  14. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Нормално е во рана бремност такви тапи болки во јајниците написе магнезиум и одмарај
     
    На mace89, thelittle17 и Rainbow_baby им се допаѓа ова.
  15. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Некогаш е многу силна, но трае многу кратко и само при нагли движења.И пред бременост ми се има појавено, но секогаш се било во ред.Како што ти напиша и членката можеш да си земеш магнезиум.Јас пијам на Синерџи магнезиум со б6.Нормални се вакви болки во бременоста, не се секирај.
     
    На ivance.. и Rainbow_baby им се допаѓа ова.
  16. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски

    Има една апликација се вика What to expect и таму можеш да бираш да внесеш информации и димензии дали сакаш според ехо или сакаш според последна менструација. Мислам дека е најпрецизна апликација. Малце е конфузна додека внесеш податоци, ама ќе се снајдеш.
    Јас за себе рачунам според ехо.
     
    На Chrysanthemum и mace89 им се допаѓа ова.
  17. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    И јас ја имав истата болка, и еве и денес денес ја имам некогаш, а веќе 14та недела ја терам, но знае да ми се појави од време на време. Но кај мене не е баш силна, ја осеќам неколку секунди и поминува. Се консултирав со двајца гинеколози ми рекоа дека не е страшно.
    Веројатно е нормална појава.:)
     
    На Rainbow_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    @HelloHello И мене некако логично ми е според ехото, затоа што сепак имаат врска и редовноста на циклус (добивам во просек на 30 дена) и овулацијата. Јас открив дека имам малку подоцна овулација, што значи ова отстапување од мерките што го добивам цело време мислам дека е поради покасно зачнување. Ја симнав и таа апликација, откако си ставив податоци според овулацијата, таа пресметката што ја добивам е истата со мерките на ехо.
     
    На HelloHello и KittyCat:) им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.728
    Допаѓања:
    21.418
    Пол:
    Женски
    Ако е подносливо не е страшно, нормално си е, нов процес се случува во организмот. И кај мене беше така на почетокот, магнезиум пијам секој ден по 400мг и ептен ми помага, пробај.
     
    На Rainbow_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rainbow_baby

    Rainbow_baby Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    И јас пијам магнезиум директ од 375 mg. Денес нешто послабо ја осеќам болката и реално не е неиздржлива ама секое жигнување ми прави паника... Знам дека нормално е да се јавуваат благи болки во рана бременост, ама ова дека само на една страна и на едно место баш како да е во лев јајник. Се надевам ќе исчезне болкава и се ке биде во ред со бебушко :)