Прва бременост ми е, сакам да ви посакам на сите лесна и интересна бременост.❤ Нова сум и на форумов.
Ви се приклучувам и јас Прва контрола во вторник закажана. Болки во стомак и менструални имам и јас ама од искуство знам тоа е се нормално. Си се шири матката.
Vcera pesacev, doma sredvav cistev ni idea gosti, posle to pocnaja bolki vo leviot jajnik I dolniot del ama prekinaja. Denes od17h imam pak bolka vo jajnikot na kontrola. Sum vo. Ponedelink.. Se napiv I magnezium I B6.. Neznam dali se normalno ovie bolki..
Мамички, прашање... Мака мачам со лицево на образите и на брадата имам ситни гнојанички, а сум 11+6. Претходно сум имала ваков проблем, ама пиев контрацепција и ми се среди. Откако ја прекинав 3 месеци немав проблем со кожата и оооооп останав бремена Моментално ставам алое вера еси гел, ми го смирува ама не ми се повлекуваат. Некој искуство? Дали ќе се повлечат? Кога? Совет? Секако најбитно ми е бебуш да ми биде добро, ова другово ми е се пролазно, ама да видам дали има некој како мене тука во групава
Ова мие 4 бременост и вакво нешто никогаш не сум приметила. Како да имам внатрешни гасови во стомакот, буквално како бебе да мрда и ми се стврднува стомакот кога ќе осетам како движење. Гасови ли се?
Девојки што смеам да се напијам за главоболка? Обично ништо не пијам, но веќе 3 ден со ред ме боли и морам нешто веќе да превземам. Btw. За неколку дена ве напуштам, се префрлам во второ тромесечие Уште неможам да поверувам како времево лета. Како вчера да го правев тестот за бременост. Па ќе ве чекам сите и таму да се дружиме
Мешиња јас денес официјално го заокружувам прво тромесечие. Генерално имам супер бременост, не повраќав и не ми се гадеше, енергија имав нормална и баш уживав во овие 14 недели. Се надевам така ќе продолжи и во иднина. Ви посакувам на сите да си имате лесни бремености. Чувајте се.
Јас имав такви цела бременост, и после бременост година ипол хаос бев се до скоро. Пијам цинк еден месец веќе (незнам дали смееш во бременост) и бев на дерматолог ми препиша крем шо ми го правеа во Хигија аптека, и сите ми се повлекоа само црвенилото ми остана. Ако си во можност појди на дерматолог и консултирај се, јас се каам шо чекав толку, сами никако не се повлекоа туку се ширеа, џабе се надевав дека ке ги снема.
Здраво мешиња, ви се приклучувам и јас во темава, инаку сум 6+3 според последна менструација, прва бременост и стравови еден куп. На прв преглед бев рано, се виде гестациски сакус и жолчна ќеса, и ми закажаа за две недели пак контрола. Од терапија др.ми даде фембион1, витЦ 1000мг, аспирин 100мг секоја втора вечер и дабростон 2х1 за поддршка. Но, пред една недела имав кафеав исцедок (еднаш), се јавив и ми рече да примам депо прогрстерон, да го прекинам аспиринот и доколку продолжи крварењето (што фала му на Бога до сега не се повтори) тогаш да отидам да ме видат, во спротивно да одам на закажаната контрола. Инаку два три дена пред тоа плукав онака чиста крв од устата, па се тешам ваљда не го поднесувам аспиринот Си земав боледување и си лежам еве една недела. На контрола сум сега во понеделник, се молам се да биде во ред. Инаку имам голема аверзија спрема скоро секоја храна, јадам од што морам, ич немам апетит... Секоја вечер имам гадење, сабајлечки сум океј. Повремено имам тапи болки долу, некогаш поизразени од десна страна или кога ќе лежам од истата страна. Пред некој ден решив и кафе да не пијам, не ми смета туку ради кофеинот си реков (пиев до тогаш по едно нес), АМА главоболки добив ужасни. Ништо не помага, скоро сите ваши совети од форумов ги пробав (освен парацетамол). Вчера беше врвот, не можев да ја мрднам главата, цела ноќ не спиев се будев од главоболки, утрово исто до степен мигрена со пулсирање.. и така со молење дали парацетамол дали кафе се напив пола кафе Иначе имам бавен пулс околу 50, поради тоа и притисокот ми паѓа страшно, па така со кафе од сабајле се оддржувам цел живот, друго чаре за пулсот е движење и физичка активност што нели сега тоа е малку тешко изводливо со оглед на тоа дека лежам по цел ден. И така драги мои.. Ве поздравувам и среќна слава на оние кои слават
Во понеделник сум на преглед, 13+2, што мислите рано е за пол да се види? Пред секој преглед сум возбудена, ама и преплашена, најмногу поради фактот што сум песимист по природа ама и дека немам НИКАКВИ симптоми. Значи ништо, нула, ни мачнини, ни болки, ни гадење од некоја храна, значи апсолутно ништо...и тоа малце ме плаши.
Не е рано, кај мене се виде во 11 та недела, но според мерки беше 12+1.Кај тебе секако треба да се види.
Точно во 11 та недела, др.Елена Петрова ми кажа дека ќе имам девојче.Коментарот не ти е на место, излегува дека јас лажам?Тоа сакаш да кажеш? Како што реков плодот според мерките одговараше на 12+1.Ова не го кажувам случајно, туку од мое лично искуство.Тестот од Панорама само ми го потврди истото.И те молам следен пат воздржи се од вакви коментари спрема мене.
Јас во 11+1 го правев првиот скрининг и др Сотир од Плодност ми кажа дека е најверојатно машко и нифти ми го потврди тоа.Што значи има шанси