Така е, ок е. Провери бета пак, во систина пример не викаат да се повтори бета, ( јас на своја рака си проверив по 5 дена за да си бидам мирна), А има доктори што бараат, ако провери си, таман да се види дали правилно се дуплира бетата. Ако е ок, тогаш ќе ти закаже за ехо. За симптоми не се мисли, не анализирај, не барај. Јас до 7 недела бев ок, после тоа секој ден своја приказна, да незнаеш што ти е. Одмарај си и не барај симптоми, рано е.
Мила не се сеќирај,јас правев две бети и дури кога слушнав срценце почнав со мачнини и повраќање вел ден,еве веќе 20 недела уште ми трааат.Уживај и гали меше
Дечки, што правите за низок притисок? Вчера потврдив 6та недела сум, имам нагони за повраќање речиси 24/7, исто така и вртоглавици кои веројатно се последица на нискиот притисок. Вчера ми беше 90 со 60, мислам дека и сега ми е зошто се осеќам како да ме лулаат бранови.
Пиј многу вода, јади солено, пробај да си физички поактивна, можеш и по едно кафе во ден да се напиваш. Јас бев со притисок како твојот и пред бременост и на почеток од бременост. 18+ сум и еве го сега е школски, 120 со 80 или 115 со 75, важно над 100, што никогаш не било.
Јас кока кола и солено јадам. И мене ми е низок од пред бременост, но и сега мислам уште повеќе ми паѓа. И кафенце ако можиш пијај. Јас неможам да го поднесам од кога останав бремена и веројатно заради тоа повеќе ми паѓа сега.
Бев денес на гинеколог сега за сега е се како што треба 5+1 сум,во горниот дел од матката е сместено,нема сеуште срцева реакција за две недели па ќе одам за да видиме срцева реакција.Од терапија имам 2*1 утрогестан,1/4 бромергон,витамини и по еден аспирин.
Кока кола не пијте, не е здрава, преполна со шеќери. Кока колата го покачува притисокот заради кофеинот ама кофеин има и во кафе, во чај. Кока кола може и шеќерот да го покачи повеќе од што тееба. @MissChievous пиј вода, солено консултурај се со доктор колку да зголемиш, не земај многу сол на своја рака, внимателно со солта, ама водата го покачува притисокот и течности секакви.
Течности пијам минимум по 3л во ден и еве пак џабе Матичната знае дека ни кафе ни чај не пијам и таа ми рече може да пијам кока кола. Нормално не го пијам цело шише, ни една чаша неможам да испијам. Па за 3 пати што се имам напиено во 18 недели што може да биде
Мене ми беше низок на почеток така, и си јадев солено, пиев кафе, некогаш кисела вода со лимон, иако ич не ја сакам, ама пробував за да помине. Е после 24та недела, ми се покачи малце притисокот до кај 120 со 70/80, што го сметаа за нормален, ама мене ме болеше глава, и тргнав да си правам испитувања сама, така да супер е додека е низок, значи не пренизок зошто ни тоа не е убаво во бременост, да ти биде нормален најубаво.
Кока кола и мене ми помагаше за низок притисок а и за лошење посебно по пат возење во кола една голтка и ми се смируваше лошењето
И мене ми помага кока кола, не ја пијам секој ден и не испивам по којзнае колку. Ама кога ме боли глава единствено од неколку голтки кока кола ми поминува, a претходно пробувам се друго, вода, лимон, кафе, ама само она ме спасува. Братучетка ми исто на почеток од бременост е, за гадењето само кока кола и е спас. Сите знаеме што е здраво, а што не ама маката на се ќе те натера.
Мене само еднаш ми се случи да ми падни на 95/65, инаку ми е 110/70, за мене тоа е нормален на него сум навикната. И да, да не е пренизок, баш денес и на преглед кога бев правиме муабет за притисок, и матичнава ми вика подобро да ти е така, отколку висок. Така да засега е во ред си велам.
Денес се подоправив со ајран, ваљда е поздрава опција. Само тешко се спие со вртоглавици и нагони, уфф...
Zdravo na site, jas sum 5 nedela bremena, minatata vecer imav premnogu jaki bolki vo polovinata pa i jajnicite. Dali nekoj imal vakvo iskustvo?
Zdravo Mamicki Kako Ste so sintomite vo 12 nedela ot bremnost koi simtomi gi imate mene mi prestana gadejneto ama koga stanuvam nautro imam malku ama ne kako sto bese poleka se namaluvat vie kako se custvuvate
Искуство со кафеав исцедок во 7ма недела? Вчера имав мноогу малку на дневната влошка, наутро една точка и вечерта исто така, а се чувствувам супер. Денес ништо нема... Утре ќе закажам преглед, мајка ми ме утеши дека и таа имала во периодот кога требало да и биде термин за доаѓање циклус, а по пресметките завчера и вчера ми беа и мене датите...
Да појдеш веднаш на гинеколог, веројатно ќе ти дадат утрогестан. Не е ништо страшно, многу трудници во првиот триместар крвареле.
Кај многу се јавува на почеток, и јас имав, 5та-6та недела негде, покрај дабростон што веќе пиев ми дадоа и депо прогестерон да се боцкам во тек на три недели. Појди си да те видат што поскоро во секој случај.