Иста сум и јас, последна менс на 16ти декември, исто каснеше плодот 8 дена 5+5 одговара а јас по менс 6+6,намерно покасно отидов викам и срце да чујам. Се разочарав и се исплашив некако. Ми рече следна среда на 10ти да одамдо тогаш више морало да има срце ако не нечини ми вика. Кај мене има плод ама нез дали касна овулација или не се развива. Да се надеваме дека покасно зачнато, пуштам среќа и кај тебе
Да се надеваме ти пуштам среќа и јас на тебе и кај мене има плод се надевам на покасно зачнување.Само некако немам ниту еден симтом на бременост ама ајде ќе видиме здравје другава недела.Ако не биде ништо ќе ми биде втор спонтан.
Оф бе душо, ни јас немам некој симптом вака ама немора да значи тоа ништо. Најубаво да имаме позитивни мисли, што треба ќе биде
И јас сум без симптоми и тоа никакви немам, 5+3 сум, ќе одам наредната недела на доктор се надевам на најдобро трета бременост ми е и со првите две немав симптоми, па фала Му на Бога се родија здрави и живи!
И јас немав некои посебни симтоми освен што понекогаш ме болеа градите а некогашне.. така да уживајте во бременоста.. јас се префрлам во второ тромесечие и ве чекам таму.. позз и само позитивно
Колку е веродостојно сето ова? Мене ми е потребно пријавување затоа што работам со договор на дело, па се јавив на бројов, човекот е од Прилеп и не можам да патувам периодов. Ама сепак ми е чудно, што добиваат тие од сето ова? Сепак споделуваш многу информации со непознати луѓе. Има некој искуство?
Знам за која фирма се работи и да ти кажам дека луѓето се супер располагаат со повеќе дуќани и мислам дека немаат никаква продобивка од ова само сакаат да помогнат... Сепак да се работи за лични информации и неможам да ти гарантирам дека нема да те зафркна или ќе те зафркна... За искуство лично сум немала нека сподели некој ако има ама сепак тоа си е од фирма до фирма-човек до човек
И јас се јавив, па ми рекоја да се видиме да зборниме оваа недела, и јас стварно не знам што да правам, потребно ми е пријавување, бидејќи сум невработена, а за луѓево не знам ништо, во дилема сум...
Прашајте некој правник, а ова ми текна, може човекот ќе ви бара пари за оваа услуга, па кога ќе се видите ќе знаете. Можда ќе ви бараат пари за услугата. Прашајте си за да не одите за џабе.
Девојки да ве прашам јас не можам само на тоа мислам во случај да не има јавено срцева реакција дали сте прокрвариле или на следниот преглед само едноставо ви кажале дека нема срцева реакција,и дали сте имале болки нешто? Јас кога го изгубив во 9 недела немаше повеќе срцева ракција Понеделник дознав,а Средата ми закажаа за чистење тек тогаш прокрварив. Утре имам закажано помина само една недела треба утре по мерките да сум 7 недела се надевам се ќе биде во ред.
Не мисли на лоши работи... Не значи дека ако еднаш се случило ќе се случи пак. Јас исто имав во март месец требаше 8ма недела да бидам- знак имав кафеав исцедок ама ми викаа од чепчињата е оти земав гинекс 4. На крај излезе што излезе.... Сега сум 28 од утре 29 фала му на бога се е во ред мајкина си мрда си се задеваме и јас имав ептен неубави мисли на почеток исто како тебе и јасно ми е ама верувај колку ппозитивно мислиш толку поубаво и за тебе а и за бебето... Се ќе биде во ред
За најсигурно јави се кај матичната и прашај. Јас доцна отидов на гинеколог и исто доцна ги почнав Премама. После на брисевите ми излезе дека имам кандида и уште некоја друга инфекција, па еве сега пијам Алмацин, пробиотик и ставам вагиналети пред спиење..сето препишано од матичната. И мене ми се виде многу, се исплашив зошто сепак прва бременост ама затоа ќе си ја препрашаш матичната за најсигурно и ќе си раат
Да знам дека е така,ама многу е тешко веќе еден спонтан имам доживеано овој ќе ми биде втор ако не биде како што треба не ми е воопшто сеедно,колку и да сакам да сум опуштена само таму ми е паметот,што ќе биде како ќе биде.
Нема врска за ова, мене за брзо ми помина настинката, ама малку ми се проблематични докторите бидејќи скоро и никако не можеш да стапиш во контакт со нив. Не даваат нивен број, ординација им работи само до 4 саат, имаат премногу пациенти и се чека со недели за слободен термин.
Те разбирам ама не мисли сега на лошо кога се си се одвива како што треба ти кажав не значи дека пак истото ќе се случи позитивна мисла и полни раце
Јас и ти нели сме исто, и кај мене каснеше 8дена отприлика. Мн се плашев и кај мене немаше срце ама еве бев денес и по мерки е 6 +6 имаше срце и супер напредува. Рече само ќе корегира датум на следна контрола дека покасно зачнато па да не испадне дека касни туку по реален датум да одиме и понатака. Ми олесна ептен се тресев мислам пред да каже дека се е ок Ќе биде се добро ќе видиш утре ке си го слушнеш срценцето
По менструација сум 7+6, а спрема минатиот преглет сега сум 6+6 денес утре ќе бидам 7 недела се надевам ќе има срцева реакција и ќе биде се во ред.Инаку да исто сме спрема неделите. Со лесно да ти биде бременоста да си ја износиш до крај.
Фала ти Да да исто и јас, последна менструација ми е 16ти декември, ама ми рече на следен преглед ќе корегираме 23ти да е. Така да исто сигурно утре веќе ќе се слуша срценцето таман. Со лесно и на тебе па пиши како си поминала
Мамички јас сум 5+1 според последна менс, на контрола сум за недела и пол за срцдва реакција, но многу ме болат градите дури и на допир има моменти кога мн боли а има моменти не е баш така и толку, нормално ли е што да правам