Официјално денес бев на гинеколог. Ме прегледа со ехо на абдомен. 4 недели и некој ден. Ми закажа за 22фев. да чуеме срценце. Пресреќна сум. Ми даде фемибион 1 да земам, и ми рече да не кревам тешко. Најдоброто од се е што кажа вика точката ни се наоѓа во матка Јупи !!( таква и беше реакцијата).
Здраво девојки денес бев на контрола 8+2 сум бебињата се развиваат добро според неделите туку ифв докторот пред една недела ми ги укина пролутекс и фраксипирин 0.4 но денес матичната ми ги врати фраксипирин 0.4 и прогестерон депо во наредните две недели поради повторна појава на внатрешно крварење кое претходно се повлече дали некој имал вакво искуство
А да почекаш уште една недела, или побарај мислење од уште еден доктор...Нез стварно, Немам зборови како да те утешам мила биди силна. Те гушкам
Девојки да ве прашам, според апликација една,пресметка од кога ми е последна менструација до сега ме води како 5 недели и 3 дена, а докторкава рече 4? Хм.. Можно е да има утка? Рачунаат од прв ден на последна менструација или од последен? Како ја прават таа пресметка? Ако пресметуваат од последниот ден на последниот циклус тогаш испаѓа 4+6 и докторкава е во право. Тоа малку ме замисли, сакав да си знам.
Се смета од прв ден на последна менструација.. ама и да не ти се совпаѓаат деновите без грижа можи да е покасно зачнато а можи и да се корегира понатаму.Кај мене така на прва контрола беше поназад за наредна да си дојди точно Гали меше и уживај
Па затоа ме мачи, вака од прв ден на последна испаѓа 5+3 ако е од последен ден на последна 4+6 а денес ми рече 4та недела си отприлика у 6та недела се слуша срце и ми закажа за 2 недели, затоа ми е чудно. Ај да се надеваме на точно
И да е поназад нема гајле ако е покасно зачнато ќе го корегираат-барем повеќе гинеколози Со лессно да ти е
@RumShtangla румче ај опушти се, сѐ ќе биде во ред. Јас на 6+1 по последна менструација кога бев на преглед не слушнавме срценце, се слушна дури по 5 дена. По сите мерки заостануваше плодот 5 дена и на крај ми го корегираа терминот за 5 дена. Кај тројца гинеколози бев, сите тројца ми рекоа дека ради покасна овулација и зачнување и затоа матичната ми рече ќе те водам со 5 дена разлика за да знаеме ако има реално заостанување на плодот. Еве 28ма недела терам и сѐ е во ред, фала му на Бога. Само позитивна мисла, без стресови.
@RumShtangla да се дополнам. Пет доктори преглед да ти прават, 5 различни мерки ќе излезат. Ептен е индивидуално и од доктор до доктор и од ехо до ехо. Опушти се. ❤️
Здраво, што направи во врска со осигурувањето? Дали се договоривте? И јас сум заинтересирана затоа ве прашувам?