6гн + 3 дена 6мм е бебушка. Инаку 3 дена по ред жолтеникав исцедок матична рече ок е нормално е , не кревај тешко, одмарај повеќе. Слушнавме срценце преку ехо на абдомен. Такво срцебиење, солзи ми течеа. Радост
Кои витамини или нешто друго ви ги препишуваат матичните? Јас бев вчера по 2пат имавме срцева реакција 6+2 според мерките, а според последна менст 6+6 Моментално се боцкам, утрогестан, метилирана фолна и магнезиум
Здраво девојки, повторно јас. Сега сум 6та недела, има срцева реакција. После многу направени прегледи и нејаснотии, се испостави дека имам доста голем хематом. Ми рекоа дека имам ризична бременост и дека има можност за спонтан абортус, иако хематомот е под плодот. Не разбирам зошто? На боледување сум, лежам, одмарам, но сум многу исплашена. Дали некој знае да ми објасни од што доаѓа до хематом и зошто се смета за ризична бременоста? Ништо не ми објаснуваат, само стресови постојано. Земам утрогестан 2 x 200мг и прогестерон депо инекција минатата недела ми ставија. Имав крварење кое после инекцијата скоро и да престана. Ако некој минал низ слична ситуација, ве молам пишете. Благодарам.
Мене матичната ми рече Фемибион 1 да си пијам, во нив содржи повеќе потребни витамини за трудница, метилфолат, фолна, витамин е, витамин ц, б1,б6,б12, јод и др. Од 13 недела ќе прејдам на Фемибион 2.
Благодарам на одговорите значи сите сме тука негде и туку речи никоја поразлично прашав бидејќи мислев нешто плус да не се пија како пре мама и сл.
Премама, фемибион, прената, прегненси кеар... Се пренатални витамини (поголеми концентрации на витамини од група Б, меѓу кои и фолна киселина, витамин Ц, Д и минерали. Некои од нив имаат и ДХА и омега масни киселини). Во бременоста е неопходно да земаш фолна киселина, сѐ остато е плус. Не е грешка ако фолната ја замениш со било кој од овие препарати.
На нареден преглед баш ќе ја прашам што е потребно нешто плус да се зема, а фолната морам да ја пијам метилирана и во таква форма бидејќи сум со мутации
Здраво девојки, на 17.02 направив два теста за бременост кои излегоа позитивни. Првиот преглед го закажав на 25.02 бидејќи според последната менструација тоа би кажувало дека тогаш би влегла во 6та недела. Бидејќи имам Хашимото денес ги испитував тие хормони, а воедно сакав да проверам beta HCG. Само што го добив резултатот и кај бетата ми покажува резултат од 376 miU/ml каде што според легендата тоа е резултат за 2 до 3 гестациска недела. Девојки дали ова треба да ме загрижува?? Од симптоми имам само отечени гради и вкус на метал во устата..
Најпрво честитки и со лесно да ти е до крај... Иначе не не треба да те загрижува заради тоа што може да биде покасно зачнато од менструација до големина на плод 2 недели макс е дозволено да биди .... За на гинеколог јас мислам искрено дека е рано над 1500бета ќе се гледа на ехо можи само да се испаничиш ако не видиш ништо сега само сепак ти се знаеш најдобро....
Ти благодарам многу и желбата се да биде добро и на одговорот, ќе направам тест повторно за два дена ♥️
Без грижи се е во ред.... да си направиш тест повторно бета да видиш дали правилно се дуплира-а ќе се дуплира