Здраво девојки дали некоја имала вакво искуство веќе втор ден од време на време имам како бодежи во препоните од левата страна инаку сум под терапија и целодневно лежање дали има простор за паника инаку во четврток сум на контрола
Devojki, ke moze da mi kazete sto kazuvaat ginekolozite na prviot pregled od bremenosta. Zakazav na 8 mi mart pa da znam odprilika fala vi
Ме праша за последна менструација кога била,и кога сум требала да добијам. Ме праша дали си ја знам крвната група ако не, да испитам. Ме праша кога сум правела тест за бременост. Прават прерачунки и обично ти кажуваат дали е рано.Гледа дали "точката"е во матка или надвор од матката. (недај боже). Ти кажува според ехото која недела си колкав е плодот("точката") хехе. Има различни доктори така и мене ми рекоа некои гледале со вагинално ехо, мене ме гледаше со ехо на абдомен, и втор преглед за срце исто преку абдомен. Без паника без страв. Јас од шо бев испаничена ми се одеше во вц многу па ме зезаше докторката и викаше леле ама ти е полна бешиката. Препишува витамини и си закажувате за втор преглед. Со лесно!
А дали некоја знае дали има разлика дали вагинално те гледаат или на абдомен? Јас 2 пати бев и во 4ипол нед и вчера на 6 нед., па двата пати ме гледаше вагинално
Разликата е во тоа што вагинално може подобро да го види и порано, ако сеуште не е потпораснато за да го види со абдоминална... Не се плаши, мене ме гледаше во 5та вагинално бидејки преку стомак немаше "ништо" Од 7ма натаму преку стомак
Мене на абдомен и првиот пат и вториот. Ваљда бебушка имала желба да порасне побрзо да се види на стомак! Хехе❤
Здраво девојки Јас сум 7недела и 4дена докторкава ништо не ми кажа на последниот преглед ,освен се гледаме за 2недели. Кога се прави 4д ?кои се следните чекори ?што испитувања се прават во првите 3месеци?
Здраво, во која недела за прв пат ви го виделе плодот? Односно точкичката и дали знаете колку мм ви бил ендометриумот?
Во 5 недела ја видовме точкичката.Пред некој ден му го слушнав срценцето.Следен преглед за 2 недели.Но незнам ког се и што прегледи следат понатаму.
Јас сум 5та недела, но сеуште не можеше матичната да види точкиче, па затоа ме чуди но претпоставувам тоа е бидејќи имав касна овулација
Ендометриумот е доста важен за бременоста. Тие што имаат тенок ендометриум, мораат да пијат терапија за задебелување на истиот. Исто така дебелината е од особено значење за да се износи бременоста до термин.
Плодот во 4та недела ми беше 3мм, во 6+3дена беше 6мм. Следен преглед за месец и некој ден, негде 8 април.