Да особено приметив у последниве денови ставам сол па не ми е солено, па пак сол, шо никад не сум јадела многу солено. Битно да сме океј
Здраво девојки! Бремена сум 8 недели. Какви испитувања се прават првите месеци? Одам редовно на прегледи но ми кажаа дека засега нема потреба од ништо. Ќе ве молам за повеќе информации.
Брисеви земав пред да останам бремена можеби затоа не ме пратиа за тоа, крвна слика правев заедно со бета но мокрача не. А кога се прави прв скрининг и што всушност претставува?
Секако ќе имаш брисeви и во бременоста, тоа е протоколарно така, а и самата флора во вагината се менува, големи количини на хормони, па мора да се следи тој баланс... Урина треба да иследиш, да се види што е, како е, тоа е едно од основните... А на првиот скрининг кој е во 12та недела, се прави проценка за плодот, поставеноста, развиеноста, како и приска тест, за најчестите хромозомски абнормалности... Мислам дека опфатив се И секако, веќе би требало да пиеш витамини, фолна киселина...
Значи прв скрининг е всушност на 3тиот месец. Хм мене матичниот ми запиша приска за 9 недели. Тоа му доаѓа 17та недела.. Дали првиот скрининг е всушност стандарден преглед само со обрнување на внимание на повеќе работи или има некоја разлика? Приска тест исто не знам што е и како се прави?. Инаку пијам витамини и фолна. Дали знаете некои интернет страни, книги или било што каде би можела да се информирам за се? Иако сум била кај повеќе доктори, сите брзаат, не објаснуваат буквално ништо а навистина сакам да знам што се се испитува. Ти благодарам за помошта.
Од 11 до 14 г. Н се прави првиот скрининг со кој се глед напредокот на бебето и преку приска се утврдуваат аномалии како и ризик од Даунов Синдром. Имаш и овдр под група испитувања во бременост и контролни брисеви.. Прочитај си.
Имаш и на страната на Acibadem sistina baby, бременост по недели, симптоми и се, многу прегледно и јасно е напишано... Не знам кој ти е матичен, или можеби не сте се разбрале, но во никој случај не е после 9 недели од првата контрола... посебно почетокот на бременоста...
Во извештајот кој ми го даде ми запиша од сега по 9 недели приска тест. Завчера бев на преглед. Ќе се информирам во секој случај. Благодарам навистина има убаво објаснето на страната на Acibadem Sistina.
Prviot skrining I priska gi pravev vo Plodnost, vo 13 nedela, a doktorot togas mi rece najkasno do 13+6, i vo istiot den krv za priska.
Денес го слушнав срцето, после 2 спонтани..... Измешани емоции, и со надеж дека овој пат ќе биде се во ред.
И јас недоволно информирана влегов во бремените, ама со време како ти течат неделите ќе научиш, а од голема помош е и форумов. Барем за мене За Приска тестот сигурно имате некое недоразбирање со докторот, истиот се прави од 11та до 13+6 недела.. не 17та, како што имаш пресметано. Јас ја правев пред две недели (точно на 12тата недела), заедно со се крвната анализа. Во Плодност, и истото таму чини 7.500 денари. Приската е детален преглед на ехо, од главчето па се до прстињата од ножињата и ти кажува дали е се во ред или скраја било од нешто непосакувано. Мене ме виде и со вагинално ехо плус, зошто ете бебенцето сум го носела малку подолу ама не верувам дека е толку за паника. Од тука ти земаат крв од вена и си чекаш резултат за целосниот преглед. Толку. Инаку првото искуство со докторка за потврда и мене ми беше неубаво ама тоа е, затоа не се срами и прашувај
Приска може да се прави до 22ра недела, различни параметри се мерат во зависност која гестациска недела е, постои Приска 1,2 и 3. Најчесто се прави да, од 11-14гн како скрининг за хромозомски аномалии, со тоа што ако се прави по 15та недела се откриваат плус аномалии на неврална туба.
Јас сум 8+1 ми закажа матичната контрола дури на 8април. Тогаш веќе треба да бидам 12недела + некој ден. Се надевам тогаш ќе ми каже за брисеви приска итн итн. Инаку се е во ред сега за сега.
Да, и мене ми кажаа дека нема потреба да одам на контрола уште некои 2 до 3 недели. Веројатно после тоа ќе правиме испитувања. Супер штом е така. Ви благодарам на сите за одговорите.
Јас пак правам контроли еднаш неделно, имав претходно 2 спонтани и матичната сака секоја недела да ме гледа. Сега закажав и за кај Лазаревски во Систина чисто за мислење