Јас бев така до 10та нед.,после тоа се нормализирав,а имав гадење после се што јадев и пиев.Сега дури имам и поголем апетит.Единствено мрзата остана
12 ta недела уште сум ваква Да додадам плус главоболки,гадење од се можно разбркани хормони,заборавеност
Во петок влагам во 9та недела. 3месец. Немам ни гадење ни повраќање само замор поспаност и ваљда некоја мрза. Сега за сега е се во ред,се надевам и понатака. Бацки до сите
Јас од денес сум 9та и ми ср намалуваат мачнините веќе, осеќам нагони само на некои појаки мириси, ама се надевам овај месец се ќе исчезни
Цели 5 недели вчера кажа докторката, наредната недела ќе одам да слушнеме срценце . Гадење некои нагони де ги има де ги нема . Се надевам дека така и ќе биде се во ред до крај .
Да исто и јас онака ми се случва да ми дојди така како нагон ама ми се губи одма инаку друго не исто како ти
И јас сум со истите симптоми девојки, еве денес 9та недела по ехо, 10та по циклус. Вчера не можев да функционирам воопшто, се влечев од кревет на кревет, имав главоболки и навистина тешко го поминав денот. Денес е подобро. Во однос на храна имам апетит, но гледам да се контролирам.Некогаш имам вртоглавици и лошење, но ништо повеќе. Колку често одите на прегледи? Читате ли некои книги за бременост, пораѓање и слично? Доколку имате некоја предложете
Исто и јас... Полна со енергија, нема денови, има денови кога имам малку повеќе од вообичаено 24та недела
Јас влегов 13та недела, уште малце и влегувам во второ тромесечие. Од 11та недела наваму многу ми се променија симптомите, нагоните се разретчија, скоро и да ги нема. Енергијата ми се подзголеми, од 6та до 11та иста бев како вас, не можев да се движам ич, на работа за се' седнував, не ми се стоеше ни 10 секунди, ме влечеше гравитација само да седам и лежам, а и притисокот ми беше низок. Сега повеќе имам енергија, ама се уште брзо се заморувам, кога се движам како да губам воздух. Колку што тогаш ме мачеа нагони и омалаксаност, сега ме мачат главоболки и штипења низ абдоменот. Стомакот го осеќам мнооогу затегнат и често ме штипе сè нешто, имам чувство дека ме здоболуваат и јајници и матка и црева и бешика. Грбот сè повеќе ме боли, ама јас тој проблем си го имам од претходно. Исто така, после секое јадење, што и да каснам, колку и да каснам, обавезно после пар минути ми се јавува еден одвратен вкус во уста и чудно чувство на мачнина, не како за повраќање, туку како да сум изела нешто невкусно. Така ми е веќе добри 2 недели. Јас кај матичната бев само во 6та за да потврдам срцебиење и потоа во 10та за да потврдам дека сè си е како што треба. Минатата недела (во 12та) ја правев стандардната приска 1, па утре ќе идам да ги видам резултатите и плус некои брисеви да ми земе. Сега за сега, тоа само. Јас се се канам да побарам некое книгиче, ама само одложувам. А до сега изгледав цело едно видео околу техники за дишење при пораѓај. Ако имате и некој YouTube канал да препорачате или видео, споделете.
Tаман се пофалив немам гадење кога од вчера се појавиа првите и силни мачнини . Др ми препорача VOMEX-A да земам дали некој ги има котистено?
Јас ги знам Антиметилот ми ги препорача гинекологот на ден по 20 30 пати повраќав но некако ми се потсмири и не ги зедов.. Ако имаш само мачнини пробај прво со посува храна,не мешај многу не јади наеднаш прави пауза измеѓу залаци и не пиј наеднаш многу течност,малку по малку..Знам како е јас немав задржано ни јадење ни вода во мене недела дена и таман ќе одев на инфузии малку се стабилизира.. Пробај така па ако не помага земи си таблетки
Немам слушнато за апчињата сма штом доктор ги препорачал знсчи дека се сигурни,јас за мачнините и повраќање се имам пробано од апчиња антиметил ама немав никаков ефект,јадење непечени бадеми крекери и што уштр не еве 27 уште повраќам и имам мачнини,мене ми ги препорачаа во Плодност зитрон апчиња кои биле безбедни во бременост и ми рекоа да ги пијам и навистина имаат ефект единствено овие ама бидејќи јас секој ден повраќам а не сакам да се клукам со апчиња си ги пијам кога одам на контрола во Плодност бидејќи 2 часа ми е пат.
Дали е дозволено шумливи таблети ( по 4на или пола апче на ден) магнезиум на Кругер. За цела бременост дали се воопшто штетни дали знае некоја ?
Феминки колку е дозволено внес на витамин Е ,дали знае некоја? Ги зедов витамините на wellnes и отпосле видов дека содржат и витамин Е и не знам дали да ги пијам,се обратив и кај нив ми рекоја дека се безбедни.