Немој да се грижиш толку, да бремена си, но секој грч не е страшен, посебно ако е во желудникот од пренадразнетост... Бананата, мене лично претешка ми е отсекогаш "на гладно", уште пред да останам бремена. Двопек грицкаj, крекери, незачинети и најважно, мали количини,а почесто... јаболко, баланс јогурт, ќе се средиш. И пиев антиметил, да не беа тие готово мислам На база на ѓумбир и б6 се, препорачани од гинеколог. Со лесно!
Јас целата терапија ја примав до првиот скрининг односно до 12 недела,после тоа фемибион 2, магнезиум,пробиотик и фраксипорин ама кај секого е индивидуално,зависи како ќе процени докторот
Пробај со антиметил,непечени бадеми,ладно млеко,крекери..мене искрено ништо не ми помогна еве јас 29 недела уште си повраќам и си имам мачнини иако не се како на почетокот.Мене во Плодност ми ги дадоа зитрон апчиња само од нив немам повраќање и мачнини ама јас не сакам да се трујам со хемии па затоа ги пијам само кога одам на преглед во плодност бидјеќи 2 саати пат ми е до таму
Јас почнувам да се губам од што повраќам, морам да земам нешто во аптека не ги најдов овие само онлајн.ги земав попрепорака на @Ava.84 овие па ќе видам дали ќр има ефект.
Мила јас прво тромесечие немав сили зс ништо,само лежев и спиев и јас цело време повраќав и уште толку немав сила од повраќањето.Ама во тој период како повраќав така одма јадев и пиев течности да не дехидрирам.Првите три месеци јадев само тост пица сендвичи лиснати работи и леб иако леб до тогаш воопшто не јадев,претходно со години на здрава исхрана ама тие месеци само junk food ништо друго,само тоа можев да јадсм .Види тебе која храна ти одговара и јади го тоа
Здраво идни мамички! Ми треба мала помош. Оние што користат utrogestan со што ги ставате вагиналетките и отприлика колку длабоко (пример колку еден прст)? Немам апликаторче и ги ставам со прст, но се плашам да не си закачам нешто или повредам бебчето. Раце мијам темелно, па ставам, но сепак сакав да прочитам искуства. Да не се плашам залудно можеби? Поздрав!
Апликатор во бременост не се препорачува доволно е со прстот. Јас ги ставам до каде што можи да влези ама можи и нецел прст.. Друг начин освен да ги пиеш или со прст нема.
А јас па шо сто сум на здрава храна чудо само аргета јадам . Вчера земав 10 аргети само да не одам секој ден у маркет.
@TutiFuti мачнините ти почнаа од 7ма недела или ги имаше малку и предходно? И јас многу се плашам од нив затоа што со првото дехидрирав од повраќање и цела бременост не се осеќав убаво и среќно. Сега сум 6та недела според циклусот, ги имам во некоја блага форма и се молам да исчезнат да не се ојачат. Со првото не сакав да пијам апчиња ама сега ако стане пак неиздржливо можеби ќе пробам.
Со првото едни гастрогард што пиев и бкомплекс ништо др не ставав во уста.поминаа преку ноќ сами. А сега прво многу ждригав па постепрно нагони имав еднаш повратив вода само др не ама еве веќе ефна недела скоро секој ден повраќам, ноќеска сум спиела ама затоа сега наплатив и за ноќеска. Незнам немам апетит ич. Се што голтнам во рок од 15 мин е веќе надвор. Ќе поминр знам ама дур помине.
Тешко е, кој поминал низ тоа знае. Луѓето на месечината се качија а досега медицината не направи нешто што магично ќе ни ги избрка тие мачнини за да се радуваме во бременоста.
Друштво здраво,јас имав мала чудна болка во десната стрна долу,и неможев да чекам и отидов на преглед.Фала му на бога се е во ред бебчето е супер му се познаваат веќе рачињата и едното оче му го видов )) срценцето супер одговара и за неделата.Но ме интересира ми даде матичната утрогестан вагиналети и магнезиум со б6.Ме интересора доколку е се во ред зошто ги даваат тие?Поздрав и на сите ви посакувам само убавини позз
Утрогестан се даваат за подршка на бременост, сум чула некој доктори ги даваат и превентивно во првото тромесечје, а некој само по потреба. Магнезиум скоро сите пиеме за олабавување мускулатура, да немаш такви болки