Многу ти благодарам на одговорот ми олесна.Јас реков да не не ми кажува а нешто има ама фала му на господ.Ти благодарам уште еднаш убав ден
Па нормално е да имаш болки, се шири матката, постојат и болки што не се за игнорирање, но се додека се слаби не е страшно. Плус и доктор ќка те видела, ако не дај Боже имало нешто, како смее да не ти каже. Уживај си
Колку е нормална телесна температура во прво тромесечје... Мерев вчера 36,9, денеска 37.1... 7 ма недела сум. Во петокот имав контакт со сестра ми, и разви симптоми вчера.. И сеа се испаничив целата.
Сосем ти е нормална температурата. За утеха, мојата се качуваше до 37.6. Сé додека не е придружена со други симптоми, во прв триместер е нормално малку да е повисока во однос на таа што ти била пред бременоста.
Фала ти, ми олесна малку. Знам дека е нормално да е покачена малку... Ама јас сум Миле Паника ептен. Само си барам симптоми... Сега пак мерев, 37.4.....
И јас имав скоро иста ситуација со сестра ми и јас сум си миле паника.... Ништо немав, а температура повисока.... Опушти се
Девојки дали е нормално што сега имам скррооос мала болка во градите.Не дека имав некоја која којзнае каква болка,имав само навечер ама сега вчера не ме болеа.Бев на преглед се е во ред со бебчето и срцето и си одговара за неделата што си е.А градите онака по мааалку.Незнам зошто ме факаат паники...позз
Нормално е да болат и да не болат. Кај секој различно. Кај мене болат но не цело време само на моменти. Опуштено, важно со бебче се е во ред
Здраво на сите, нова сум на темава, 8ма недела бременост ☺️. Дали некоја имала онесвестување во прв триместар, придружено со повраќање?
Јас во првата бременост, и тоа неколку пати. Сега затоа голтам апчиња за да не повраќам и да не ми се повтори истото од првата бременост.