Исто, на почеток на бебешки работи ако нешто реклама ми искочеше се расплакував, хормончиња на најјако. Предупреди го маж ти Мене ми се смееше и не му се веруваше дека пола ден плачев пола ден спиев @S.o.F.i Мислам дека нема правило кога точно да се почне, јас на прв скрининг кога бев во 12та недела ми кажа допиј ги тие што го имаш (имав за уште една недела), и после тоа си почнав фемибион2 заедно со магнезиум (почнав со кесичките ама ми се гадеше од нив, па продолжив со тие на џемисон) Мислам дека можеш да почнеш со фемибион2 ама сепак прво консултирај се со гинекологот што те води Според апликацијата што ја имам (Pregnancy) во 14та недела се влегува во второ тромесечие да. Мене уште од сега еуфорија ме фаќа, си правам список, си разгледувам колички, си мислам на имиња, и така ми поминува времето
Здраво пак. Помина прв термин, виде мала точкичка на ехо, вели помало од 2мм е, потврди 5 та недела според последен циклус. По две недели ми даде термин и рече тогаш ќе треба да слушнеме срце. Ми пиша фолна на пијам и ми зеде брис. И толку. Кај сите така на прв преглед?
Честиткии нека расти малото Тоа е на прв преглед, потврда на бременост утврдување на термини, земање на брисеви.
Во рана бременост [4+6] чувствувавте подуеност во стомакот? Не се сеќавам дали ми беше вака во првата бременост.
Девојки дали некоја имала висок притисок, јас сум 13 г.н и денес имав главоболка и притисокот 140 со 80 се јавив кај Др. ми рече да се напијам метилдопа 1 таблета и да мерам на секој час да видам како ке ми варира. По 2часа ми се симна на 129со80 а сега по 2часа пак ми е покачен 140со90. Утре ке одам кај матичен гинеколог. Ве молам споделете искуство. Инаку никогаш не сум имала висок сегоаш ми бил 90со60 како нормален.
I mene za prvata bremenost osven sto mi docnese nemav dr simptomi I kafe ne mozev da podnesam.... Sega imam I jas protisok vo stomakot, grcevi na momenti, bolki vo kicmata.... I ja sum 4+3 valjda od 5 nedela kje se sredat....
Прва бременост и двете работи ги имам, менструалните болки ми се намалија веќе сум 8ма недела скоро и да ги нема, ама редовно земам магнезиум и Б6 уште од 4+5, а подуеноста ја имам сеуште на моменти повеќе, ја чувствувам и подолу во стомакот значи кај јајниците без болка и пропратено ми е со гасови
Девојки, ми треба ваше мислење. имав мал хематом и морав да лежам две недели. отворив боледување од работа. одмарав и исцедокот што го имав се повлече, ама откако тргнав на работа пак, почна страшно да ме боли кичмата, а пред тоа не ме болеше. инаку денес сум 12та недела, не знам дали е од што лежев па сеа се раздвижив или од бременоста нормално и што правите за болка во кичма?
Здраво мамички. Денес добив позитивен тест за бременост на 27ми ден од циклус, но имам огромни болки во грлото. Што можам да се напијам за болка освен витамини?
За секое апче или лек консултирај се со доктор или барем со фармацевт од аптека оти на сите бременоста ни е различна, немој ништо на своја рака без консултација, пробај на природна база, цеди лимони,цитрони,прави гаргара со солена млака вода или сода бикарбона неколку пати во денот, топол чај од мајчина душица со мед и земај витамини.
Ти благодарам многууу Утре ќе одам на лекар, а денес ќе останам само со витамини и гаргара со сода бикарбона. Ти благодарам многу
Здраво мајки, на контрола после позитивниот тест мојот матичен гинеколог виде само оплоденс јајце клетка и точкичка мала.многу рана бременост,направив хгг и е под 1000, 870 мие дали значи дека е рано или се плашам да не е нешто друго.Првата бременост 6 недели бев бременс првата контрола.Чувствувам само подуеност во стомак и отечени и болни гради
Mleko toplo so pregoren seker, mene toa mi pomagase koga ne bev trudna. Sega mleko da ne vidam so oci.