Здраво девојки. Бев до продавница и сум натоварила кеса 7-8 кила и умрев од грижа сега, 4+4 сум недели и ветувам нема ни кило да кренам натаму. Како само можев толку непромислено да постапам!? Како да ми треба време да се навикнам на новава ситуација. Колку се ризични вакви оптеретувања или претерувам малку со грижи?
Мамички, ви рипна ли стомачето во 9-10недела? Јас веќе се носам откопчано од панталони, почнав да се дујам на долниот дел од стомакот , п.с.кога правевте прва крвна слика и мокрача?
Менееден ден скоро го немав а следниот веке ми рипна. И сега ми се познава повеќе ако сум јадена или кога имам гасови
Јас дури во 9 недела дознав дека сум бремена, предходно одев на работа, носев тешко и којзнае шо сум праела друго а не сум била свесна дека сум бремена. Не си ставај толку при срце, 4 недела е ново ти е се, иуште не си навикната да функционираш како трудница туку си тераш како порано не грижи се
Ти благодарам душичкее, чекај ме доаѓам после 1ви (тогаш ми е терминот за прв преглед), а до тогаш јас си знам како ќе преживеам
Подуен ти е стомакот, ќе ти спласне за брзо. И кај мене беше така на почетокот, па после до кај 16 недела немав ич стомаче. А прва крвна слика правев 9 недела, исто и брисеви.
Здраво мамички, се виде денес душичката доокторот рече декс е се во ред сместено каде што треба,бета хцг се качи над 2000 многу сум возбуденааа за недела ќе се слушне срценцето
не се секирај, јас сум спортски тип. дента пред да дознаам дека сум трудна трчав 10 километри ама некако се осеќав дека неам сила, па се посомневав дека може да сум бремена. минатата бременост исто трчав по водно секој ден се спремав за полумаратон
Јас пред 3 дена дознав дека сум бремена и веројатно сум 4+3 според апликацијата. Сега имам поголеми болки како грчеви, слични како пред да добијам. Нормални ли се и дали смеам да се напијам чај од шипка? Преплашена сум
Здраво во некоја фаза сум, на све што ќе помислам за јадење ми се повраќа и не можам да јадам, пробувам со сила но одма над шоља завршувам, не знам што да правам.. А осекам страшна глад дури лошо ми е.. Ми се јаде некоја junk food, а знам дека не е добро и стварно не знам што да правам, некој искуства? Дали е ок понекогаш да се јаде нешто нездраво, прва бременост па ме плаши се
не знам која недела си. јас бев таква од 6та точно до 12та. полудев, осеќав глад а од што гледав храна ми се повраќаше. јас пробав да пијам антиметил и да џвакам рупурут и да јадам повеќе пати по малце. не ми помагаше ништо од сите совети. едноставно влегов во 13та и ми помина преку ноќ. сеа сфаќам дека само од одредена храна ми е лошо. иначе мој совет е да јадеш тоа што ти се јаде, а не да се форсираш со здрава храна. на пример мене најтешко ми беше од салати, зеленчуци такви работи се истурав од повраќање а ги јадев зашо се здрави и пошо пред да останам бремена обожавав салати и домашно приготвена храна, се додека не повраќав толку пати од салата што сега имам фобија и нејќам да видам зеленчук. бременста е стварно чудна состојба. . првата бременост многу ми се јадеа палачинки, сега нејќам благо да видам , ама па ми се јаде мајонез, шти е пречудно пошо општо ич не го јадам. така да мој совет ти е да го слушаш телото што ти бара и бога моли да ти поминат мачнините со првото тромесечје пошо стварно се напорни и неподносливи, па да можеш после се да си јадеш ))
Навистина е чудна состојба, тоа шо најмногу сакав да јадам сега не можам ни да помислам Инаку сум 6+2, се надевам дека нема да потрае многу хаха