Девојки кога слушнавте срце на вашите најмили? Според циклус вчера бев 5+3, а според ехото докторот го процени како 3+1 и 3.7мм големо. Наредниот петок ми закажа за да слушнеме срце. Според циклус ќе бидам 6+5, а според ехо 4+3. Не е ли малку рано за срце? Какво е вашето искуство?
Рано ќе е ако се точни мерките според ехото. Кај мене првпат се слушна срце во 8ма недела. На прва контрола бев 5+некој ден, беше многу рано, па во 8 бев вторпат.
И јас мислам дека е рано, затоа и прашав, ме збуни докторот што толку рано очекува да слушне срце. Сепак ќе морам да одам како што ми закажа па ќе видиме. На 16 ти ќе одам во Ремедика кај Димитров, ќе бидам 7+5 по циклус и 5+3 по ехо, па се надевам за тогаш.
По ехо и не мора да значи дека е точно, тие мерки ќе се менуваат цело време. Кај мене скоро никогаш не е исто според менструација и според ехо, често се случува да биде наназад или нанапред.
Девојки си правевне муабет со докторката и и кажувам дека сум омалакдана дека немам сила како симптом од бременоста ми вели нее симптом рано ти е за симптоми од жешково е... Што мислите вие според менс сум 5 недели а по ехо ми рече 4
Те читам и можам да ти кажам дека многу се оптоваруваш. Уживај во бременоста !!!! Баш сега треба да си бидеш среќна, полетна... Искористи го бенефитот на "бремена сум", радувај се Се` влијае на плодот, чувствата на мајката ги осеќа и бебето. Се ќе биде во ред, ете веќе имаш едно детенце и ова ќе се роди, ќе се радуваме тука на форумов
Во право си.. фала на совет само муабетот ми беше како доктоеиве некои работи како на пример што многу жени кажуваат за симптоми уште првите недели тие негираат и за друго така кога имав бледа црта ми вели не си бремена чекај а сите на форумов белат штом има втора црта бременост има иако рано
Ако си во можност, смени ја матичната. По муабетиве ми изгледа како некој мргуд, таква цела негативна и тебе ти ја пренесува таа енергија.
Првата бременост немав симптоми, во втората почнав да повраќам веднаш по позитивен тест. Значи, ич не е рано за симптоми. Симптомите може да почнат веднаш по имплантацијата, а жешкото плус на сé капак.
Здраво на сите, Денеска сум 4+6 недела,со ивф уште 12 дена ми е прво ехо, денеска имам кало боцкање на пределот на јајниците во десната страна какко пулсирање,2-3 пати на ден сега траеше подолго околу 2-3 минути ,дали е нормално многу сум секирана?
Сосема нормално, матката полнива да се шири и осеќаш, пецкање, затегање, се е тоа нормалмо, земи еден магнезиум за опуштање и уживај
Јас сеуште барам и чекам некој симптом. Ништо бре, ништо!! Бар еднаш да ми се слошеше или да не ми беше арно нешто. Ич да не, маж да се "засекираше" и да ме "жалеше"
Ништо немав првата бременост, е, тек во трет триместар скроз ми се пореметија денот и ноќта и цело време ми се јадеше, така да имаш фора. Маж ти таму, кога ќе се роди детето нека те жали и помага, сега не мора .
Бубче да сме среќни што прв триместар ќе помине без гадење и мачнини и повраќање. Благослов од Бога е да пројдеш лесно овој период, само ти уживај и радувај се на леснотијата
Готово, се зареков. Два часа веќе како не престанувам со повраќање. Не знам што ми стана, ама не можам да се сопрам. Дали од праски што се прејадов , не знам. Ама па често јадам праски. Ако не ми се сопре повраќањево ќе морам на болница да идам. Белким ќе ми уклучи нешто мм. Божееее, ова лошо било бре
Pomagajte kivam mi teci nos svetnata sum seta, sto smeeme i dali voopsto smeeme neto kako za prevencija?
И јас од синоќа ја мислам, ја нема уште, заради неа се најавувам неколку пати со надеж дека ќе каже оти е добра.