Фала ти другарка за мислењето. Јас кај матичната секако ќе имам прв скрининг ама барем нема да го платам како во Систина.
Во принцип пренаталниот тест и се смета за скрининг и после него ако е се во ред нема потреба од прв скрининг, тоа ми го кажа мојот доктор, и да можеш кај матичниот да си отидеш на скрининг не фрлај пари за џабе
Извини малце лош совет не ме сваќај погрешно. Постојат и структурни Аномалии не само Генетски. Скрининг кај матичен никако само кај специјалист.
Не те сфакам погрешно,кажав само мислење и потврдено од повеќе доктори...во однос на структурните аномалии секако се оди на преглед...не се остава само на пренаталниот.
Ти и даде совет дека скрининг може само кај матичната, патем кој имаме скорашен пример од скрининг кај матичен што се случува. Фрлање пари за деца таман работа да е. И нема потреба во Систина има доктори и на Клиника. И неможе да е потврдено од повеќе доктори бидејки јас имам историја со аномалиа која амниоцитеза беше чиста а на ехо си покажуваше јасно. Нема кај кој доктор што немам отидено. Само давам добронамерен совет овие скрининзи само кај специјалисти за истите.
На клиника сите кој прават скрининг се стручни кој и да се падне немаш гајле. Јас првиот скрининг го правев во амб 36ка кај Марија Јоксимович. Немам никаква замерка за докторката, кај нејзе ја водат и цела бременост. Она е петоците во амбуланта.
Денес бев на Гак. Не знам како се викаше докторот во 36ка ме гледаше ама мн на брзина. Виде нухален, виде ножиња вика еве има органи...и дали дека му спомнав дека ќе правам пренатален некако мн на брзина еве вика ова ти е доволно. И се ставив во мисла дали да одам и кај Димчев или пак да барам терми на гак за скрининг кај некој друг др да обрне повеќе внимание...или кај матичната наредна недела.. 300 прашања
Здраво идни мамички . После толку време и јас да се приклучам на оваа тема Бремена сум 7ма недела , пред 4 дена бевме на ултразвук и веќе имаме срце , се е во ред .. примам Prolutex инјекции на 24 h , Impryl, Utrogestan . Еве веќе 4 дена се осеќам омалаксено , неможам ништо да ставам во уста дури ни вода , едвај на сила голтка по голтка .. ми се врти , гадење имам на секои 10 мин … Дали некоја со такво искуство може да ми каже како се справувате со ова.. Поздрав и со лесно на сите
Мамички до која недела имавте одбивност/мачнини од храна? Јас денес сум 10+4 и ми прекина одбивност па ми се сврти нешто во глава дали е се во ред.
Јас пиев до пред 2 дена utrogestan и ми правеа страшни вртоглавици, не можев по саат време да си дојдам на себе. И кажав на матичната и ми препорача вагинално да ги ставам. Подобро ми е овие 2 дена и не ми се спие толку
Jas celo vreme sum so utrogestan vaginalno, ama I bez nego taa malaksanost vrtenje spienje e normalno za bremenost nekoi ja osecat nekoi ne.
Дечки, ми треба мислење. Следнава недела имам прв скрининг, ама пред 2 недели др ме одредил како 8г.н., а јас бев 10та недела по циклус. Дали ќе може да се направи скринингот следнава недела, со оглед на тоа дека ќе бидам 10г.н. и мерките може да се движат од 4 до 5 цм. Можда ќе треба да одам пак за 2 недели? Има некој такво искуство? Иначе, трансферот беше покасно, па се надевам дека напреднало детево до сега. Поздрав, мамички