Земам Рупурут ама не ми помогна баш, кој пробиотик ви го препишаа? Исто и мене ме гледаа на ехо фала богу бебче е добро
Изгледа е вирус зошто и јас имав дијареа па повраќав и на крај исто болки секундарни у желудник мислев со нож ме боде некој.. Ама трпев и јагленче само пиев и квики со банана и компир печен и реално и денеска имав на моменти болки смс помали... Се надевам утре више готово, ско не ке си земам и ја пробиотик
Мислам дека болките можат да се појават и од недоволно внесување храна но не ме фаќај за збор имам такви случки пред бременост.
Devojki sabajlevo koga se razbudiv cela usta mi e so herpesi, vi se pojavuvaa li na vas vo bremenost? i so sto da se namackam? Opasni li se.. ve molam za odgovor.
И јас имав на почетокот на бременоста. Земи од аптека некоја крема за херпеси ќе ти поминат, не е страшно.
Како сте мамички? Како ги поминувате жештините? Јас во исто темпо, мачнини и повраќање по цел ден, се надевам у скоро време ќе поминат.
Јас денеска влагам во 13 недела и мачнини немам а и силата се враќа полека за што сум многу среќна.. се надевам сите резултати ке бидат во ред од испитувањата па да ја споделиме најубавата вест за нас на другите Малце позитивна енергија да пренесам до сите вас за да не мислите на мачнините...
ве молам брзо за совет повракам болка во желудник и пролив ќе дехидрирам и ми студи немам темп прво да кажам прашав докторка мк рече електролити и линекс ама пијам линекс одма го повраќам многу ми е лошо помош бремена 11 н
И кај мене исто , дури сега имам и хемороиди … ужас невиден !! Ама се надевам ќе помине се уште малку
За хемороиди земи Факту маст, го користев првата бременост, а за повраќање лек нема, ни таблети не помагаат веќе.
Здраво јас сум нова на форумот. 6 недела сум и вчера и денес имам проблем да излезам за во веце. Плус осеќам како пецкање на јајниците и сабајлево добив малку исцедок жолтеникав и густ. Не знам дали некоја од вас имала вакво искуство. Во четврток сум на преглед не знам дали треба да паничам и да одам порано...
Немаш место за паника штом нема крварење, само немој на сила да прицкаш и да напнуваш, ако не можеш да се испразниш остави за по еден сат два, никако немој на сила да напнуваш. Повеќе течности и овошје. На утро цеден лимон со топла вода и ѓумбир, исто на гладно две урми две смокви две суви црни сливи и суво грозје. Во аптека имаш и еден сируп безбеден за бремени се вика СМОКВАН од смокви и црни сливи јас не стигнав да го пробам оти ми помогнаа овие работи погоре, а велат дека е многу ефикасен . И јас имав мака иста само со овие работи ми се поправи па сега имам само течна столица и така. И турското кафе мене ми помогнува за во ваков случај. Така само пополека и немој со сила ќе биде во ред.
Фала ќе ги пробам прво природните работи прв пат сум бремена и сите промени ги чувствувам фокусирана сум на тоа. Можеби не е ништо страшно ама психата е страшна, сите околу мене пази се, прва бременост опасно е, до 12 недела има ризик и сега секое пецкање или мала промена ме препотува... почнав да избегнувам луѓе само за раат да седам. Фала уште еднаш
А да не ги слушаш многу другите? Нека не ти ја полнат главата со глупости. Ризик има секогаш и сегде не само во бременост Уживај си тоа што треба ќе биде. Мора да имаш промени расти бебе во тебе
И мене ми е прва бременост немој да слушаш никој, пази се да во смисла не се преморувај, слушај си го телото и немој да креваш многу тешко, но пробувај секојдневието да го тераш нормално и најбитно слушај си го телото самото ќе ти кажи што и колку можиш. Само позитивна мисла ќе биде се во ред и да знаеш дека тие 12 недели и не се баш страшни како што ги кажуваат, ако се си течи нормално. Тие пецкања, слаби болки затегнување, притисок се е нормално ако не е претерано и се осеќаат во целата бременост , ако се силни болките и континуирани или ако се зголемуваат можеш да се обратиш кај доктор, инаку се е нормално. И фала богу ќе имаш промени тек допрва накај 4ти 5ти месец кога ќе почне да расте повеќе тие промени ќе бидат поизразени, тогаш ќе видиш што е тегнење и пецкање .Без секирации и уживај колку можиш.
Како и да е првите 3 месеци и последниот 9 месец се најтешки, но не и страшни. Првите 3 месеци телото се навикнува на промени и симптомите се многу изразени, додека 9 месец едвај чекаш да се породиш заради стомак до нос. 5 6 7 и 8 месец се гола вода, најубаво се чувствуваш тогаш и доколку ти е во ред бременоста нема никакви стегања.
Јас сум 7 месец и баш не се гола вода, матката с ешири болки во кичма, стомак голем неможеш да се наместиш за спиење, мочаш секој пола саат..... Топло пекол, ти голема ти тежи