Здраво девојки, денес би требало да сум 8 плус 1 по последна менструација, но поради доцен трансфер ме водат како седма недела прв ден... Денес прв пат се виде пулсирање на срце, но Димитров не пушти звук туку само убаво се виде пулсирањето... Проблем е што има поголема жолчна кеса некаде 6.5-7 мм, а по мерка треба да е најмногу 6 мм за да се претпостави здрава бременост... Ембрионот е мал, но е колку што треба според денови од трасфер (според Димитров)... Но, исто така според него иако има срце ми рече дека во најголем број од ваквите бремености завршуваат со спонтан, но има и такви кои продолжуваат нормално иако се ретки... Дали има некоја што минала низ вакво искуство, да е ембрионот помал, а жолтото кесе поголемо од што треба и каков бил исходот од бременоста?
Може ли некоја членка што правела приска и скрининг во Плодност Битола да ме препорача гинеколог? Не знам кај кого да си закажам. И пишете ми ако знаете колку време се чека за резултатите од приска.
Здраво девојки. Нов сум овде јас. 5та недела сум и денес имам страшни болки во грбот и во стомакот. Никако не поминуваат. Некој искуство?
Јас имав болка позади и напред, излезе дека е песок. Кога го прашав докторот, рече дека во рана бременост не би требало да има болки заради бременоста, туку замор, песок, погрешна позиција на седењ,е спиење... најубаво да ти каже доктор согласно во кој дел од стомакот се болките.
Здраво девојки, Имам мака со добивање на извештај за клексан. Имам мутации (хетерозигот), два спонтани и затоа целата прва бременост ја поминав со клексани. Но тогаш беше лесно на трансфузиологија. Сега никако не можам да дојдам до термин кај Јани. По кој друг пат сте го истерале ова? Има ли друг доктор кој ви препишал клексани на трансфузиологија или во друга установа? Кој гинеколог на Гинекологија може да ми ми препише и дали би ми барал мислење од трансфузиолог или доволно ми се мутациите и историјата?
Јас стално на мој термин следам месец ипол унапред и кога ќе начекам нови термини одма се јавувам кај матичната за да ми даде упат. Обично првата недела од месецот пуштаат за наредниот месец термини. Можеш и на ГАК да земеш извештај, прочитај тука поназад во темава за други искуства, се снаоѓаме некако
Да, знам дека може и мислење од ГАК, ама матичната ми рече дека и тие барале прво извештај од трансфузиолог. Ако чекам термини за на трансфузиологија сега, ќе закажам најрано во октомври што ми е доцна. Требаше да одам кај Герасимова во Ремедика, ама беше на одмор па сега е на боловање. Сега барам друг начин.
Девојки, дали на некоја од вас и се сличило да е 5+6 бремена и на прв ултразвучен преглед да се гледа само сакус без ембрион? Каков бил исходот кај таквите?
И со синко беше така еве и сега во 6та недела не се слушна срценце и чекав 2 недели и во 8ма недела се слушна и срценце не се плаши гали меше и уживај
Ова може да е случај на blughted ovum, и ако е тоа за жал завршува со спонтан. Јас имав два такви. Edit. Се надевам дека не е ова, како што пишаа искуство погоре
Многу тешко без термин. Јас пробав ми кажаа дека неможе без термин. @Bilka5T пробајте матичната да ти закаже на Гинекологија јас првиот извештај таму го земав без мислење од трансфузиолог само со мислење од матичниот исто поради генетски мутации. Вториот закажав на Трансфузиологија ама не кај Јани кај првиот слободен трансфузиолог. Иначе да, ептен е комплицирано особено што ова го правам на секои 14 дена
Ако го имаш резултатот од мутациите доволен ти е тој за на ГАК наместо изврштај. Фати си термин на гак они ќе ти пишат клексани за рефундација, јас така правев.
Не знаев за ова а матичната ми се прави мутава Цел месец ги купувам приватно дур чекам лабораторија и термини. Фала, ќе барам термин директно на ГАК.
Zdravo devojki Vcera I zavcera vidov mnogu tenki crtki na testovite za bremenost ,mi sovetuvaa beta hcg, jas sum so mnogu nizok AMH I sega mi e malce fufka Me interesira vrednosta na BETA za bremenost
Фала на одговорот ми даде малку надеж. Ниту кај мене има yolk-sac. Ми останува да се стрпам само и да не пукнам од грижи следниве 2 недели.