Женички да ве прашам, дали ви се случува да ви студи? Јас сум 6та недела и сега во моментов некако осеќам студ. Нормално е нешо од хормоните, или си имам ја некој проблем
Девојки 8ма недела сум но ставам вагиналитети макмирор за кандида и одкако ќе ги ставам имам болка во долниот дел на стомакот дали е тоа нормално?
Zdravo devojki aku mozi da mi kazete kako se racuna bremenost po nedeli so transfer. Dali od denot na transferot ili 2 nedeli pred toa.
Секој ден исто , повраќање од кога ќе станам па со зор нешто ќе каснам многу минимално како vegetarian живеам месо не можам да смислам.
И вртоглавици имаш? Ја константно имам. Додека лежам се осеќам како да пропаѓам, а станата едвај чекорам.
Да те утешат малце влагам во 4ти месец уште си имам вртоглавица ништо не помага ама некако се научив да си трпам мене ништо не ми помага само кога ми се врти гледам во една точка и не мрдам како 20 секунди и така малце ми е подобро... притисок ми паѓа често и се ме тера на спиење па често пијам кафе(дури сега можам) и кока кола.. со лесно
Фала на утеха baby 5 ја се надевам дека после 12 недела ќе сум ок иначе сум 6+5 А константно имаш вртоглавици, мене паники некогаш ме пукаа :О
Маж ми ме зеза, ми вика или ти се врти или ти се повраќа викаат слатки маки, ама ко да не ќе да е така ))
Здраво девојки, како сте. Јас денес бев за срцева реакција ама било рано. Помало е бебето од тоа што го водат. Ме водат 7 недела, а всушност сега сум 5та. Некако не можам да разберам, ама со тек на време ќе се дознае точно
Подоцна овулација си имала а те водат според последна менструација , ништо страшно уживај само ! Нареден преглед ќе слушнете и срценце
Здраво, Не знам дали си завршила работа, ако не оди директно кај др.Јани. Јас еве 2 пати одам така без термин без ништоо, им кажувам на врата дека сум бремена и дека нема шанци да ми дават упат од кај матичната нели не дозволува системот, секогаш ме примат др од таму ми дава упат,ама чекам може по 1.5 час но нема друго чаре. Овој пат од таму др ми закажа директно за во новембри,ми ги даде клексаните за 90 дена, јас се боцкам 2 пати на ден значи за 180 клексани. Така да оди слободно прашувај и замоли ги таму