А зошто не се испитуваат? Јас па секој месец и нив ги испитувам. Дека мм ми дава упат и нив ги пишува. И секогаш ми се благо покачени. Ама тоа го препишуваме на болестите што си ги имам. Мислиш нормално е во бременост да се покачени?
Да да баш ради тоа дека е нормално да се покачени во бременост.Не се прават ни маснотии и холестерол.
Боже боже, и тоа испитувам Арно што ми кажа, баш утре ќе правам КС, ич да не правам арчови на реагенси
Зошто не се проверува? Мене седиментација ми проверуваа секој месец, заедно со сите други параметри: холестерол, триглицериди, серумско железо, гликемија, уреа итн. Само што е нормално вредностите да се малку покачени.
Не паметам колку беше точно, ама пак имаш гранична вредност до која смее да биде покачен шеќерот во крвта во бременоста. Ако имаш вредности што се двојно повисоки од нормалните за во бременост, имаш проблем. Истото важи и за другите параметри.
Здраво драги ❤ Кога за прв пат слушнавте срцева акција? Јас денес влегов во 6та недела и имам близначка бременост (со ин витро), но др ми рече дека двата плода се во матката, а за срцева акција да одам за една недела..
Здраво, пред два дена бев на лекар (4+5) ама не виде ништо, ни ќесичка ни сенка ништо. Бетата е 2200. Денес ми се јави да одам за неколку дена пак, висока била бетата. Дали е можно во 4+5 да не се гледа ништо? Да одам ли на друг лекар деновиве, што мислите?
Првпат во 6+5 беше забележана срцевата акција најубаво чувство... Од срце ти посакувам да го доживееш тоа чувство и да го споделиш тука
Супер, со лесно и не се секирај ❤️ имам пишувано, и јас сум со ивф и со близначка бременост, срценца слушнавме во 8+4. Гали меше и уживај, немаш простор за паника
Ич ама ич да не се секираш. Оди провери се да си мирна. Со овие рани тестови и бета вредности читам по странски форуми се повеќе жени во шок зошто ништо не се гледа. Ние сакаме кога ќе станеме од кревет по сексот одма право позитивен тест, и дете да се гледа одма после доцнење како што пишува шо нет. Истово ко тебе го имав предходната недела. Бев на лекар во петокот вика рано е да се гледа нешто. Попладнето се јавува вика бета 2700 дојди крајот на другата недела. Ако имаш јаки болки дирек на клиника. Ама кај можам јас да чекам уште во понеделник сабајле и се нацртав таму. Цел викенд читав за гроздовидна, вонматерична, и уште каква не бременост се истресирав до даска. И оп еве го, пред три дена немаше ништо во понеделникот едно зрно грав и во него зрно ориз. Се ќе биде во ред. За да се гледа нешто треба барем 10 дена да ти касни менструација, без разлика колку е бетата.
Девојки ми треба ваша помош, како се справувате со паниките на почеток пред да појдете на ехо? Направив тест многу рано имаше бледа црта, бетата е многу мала и имам многу до ехо, од нестрпливост закажав на 6ти Декември за прво ехо тогаш ќе бидам 5+1 според последен циклус. Имам предходно еден миссед и една вонматерична со изваден јајцевод, толку многу ме фаќа страв што ќе биде овој пат и на моменти добивам напад на паники, срцето ми чука забрзано, ми се потат рацете и само плачам… никако ама баш никако не можам да сменам мисли. Покриена сум со терапија бидеќи сум со генетски мутации земам фолна, б12, аспирин и клексан. Знам дека вака само можам да си наштетам но посилно е од мене незнам што да направам…
Иста сум и јас. Само си барам симптоми . Ама мора да мислиш позитивно. Дека се е во ред и покриена си со терапија. Е вака јас исто направив тест по 5,6 дена каснење , одма и се јавив на матичната ми рече рано е. Јас и теков доаѓам само да видите има ли нешто. Отидов виде денел ендометриум само и рече има знаци на бременост.Следна недела пак. Тогаш само гестациска ќеса. Следна недела пак- имаше јолк сак и ембрионче. Следна недела срцева акција. Ама неможеше да ја пушти нешто и зезаше апаратот па од паника ојдов у Систина и таму ми ја пуштија. Е потоа исцедок хематом, 9та недела а и сама незнам колку пати сум била на преглед Последен пат одам, дури седам во чекална ги стискам градите не ме болат, ах ах си викам којзнае сега Седнувам како глушец се тресам на ехото, докторот го гледа прво хематомот и ми објаснува нешто јас скокам викам срцева акција има ли И сега малку се олабавив, утредента пак ме болеа градите. Неможе секој ден исто. Се ќе биде ок и јас ја примам истата терапија !
Уффф веќе Со терапијата се чувствувам побезбедна, затоа и брзав да направам тест да почнам терапија да сум си сигурна, вчера и денес почнав многу рано да се будам и само тестови сонувам каде што правам и сите невалидни дека се мислам дека овој стрес ќе ми биде секогаш поизразен па се мислам да почнам да пијам и б6? Што знам може малку ќе ме смирува ..
На кој ден според апликацијата правеше бета и колку беше? Прерано е и 5+1 да се види на ехо било што. Јас денес според апликацијата сум 4+5 и пред 6та недела нема да одам на ехо.
A zoshto pred 6ta nedela nema da odish na eho?Eve jas koga pojdov bev 4.5 nedeli bremena.Me vide so vaginalno eho i togash se vide mala tochka koja sega teshi 120gr.