120 грама не била сигурно Не сакам да одам порано и да не се види ништо, па да се нервирам безпотребно.
Баш заради тоа не се оди, за да не се стресира дополнително. Јас така 4.5 недела не видоа ништо се изедов од нервози оти на сите други што читав по нет им имаат видено. Или ќе видат само ќесе без плод, или ќе видат само шлајм, и се се тоа стресови. Не не за друга бременост ќе знам пред 6та недела никакво ехо. Дури може и 7ма кога ќе почне да чука. @Bebetoo јас во паника стравот го поделувам со партнерот. Филм гледање не ни помогна, но прошетки, масажа, дружење со луѓе...
Дефинитивно е така. Сега и сама знаеш дека прегледот бил прерано направен. 4+5 да се види нешто е многу ретко. Бетата веројатно е околу 300-400, а на ехо се гледа тек над 1500. Опути го умот и телото, нека расне трошката спокојно. Се што ни е дадено нас ќе биде наше.
I jas prvo eho bef na 5+1i samo tocka se gledase vike doktor plod e se uste mal da dojdam za dve nedeli i sega na 29ti idem na kontrola i da cujemo srcence.so gospod napred
И на 2700 кај мене ништо не видеа, таа тетка Бетка или не расте кај сите баш во склад со плодот, или докторите не гледаат баш убаво секогаш. Со што сум се стресирала предходниот викенд ми се иде шамар да си мавнам. Од друга страна убаво е да се оди рано за ако е низ јајниците да видат, ама толку рано ни тоа не можат да го видат. Јас навечер имам многу болки, спијам на грб и ужасно ме боли. Кажете некој лек! Смеам ли да се мачкам со Contrapain маст или слична што има аналгетици ?
И тоа што викаш, и бетата е за*бана работа. Абе како што е пишано така ќе биде, наше е да имаме верба. Читав дека во прво тромесечие мнооогу работи се забранети. Не сум доволно упатена за да ти кажам.
Jas slusnav na 6+4 a na nekoj znam I pokasno deka se slusa ne se sekiraj ke gi slusnes najubavite tropkanja na ovoj svet I jas sum so bliznaci eve teram 12 nedela
Смешно е да кажам кога беше тестот и бетата 3 недели после циклус, со кломифен бев затоа имав овулација порано, а и остри болки како за имплантација осетив ден пред тестот. Сакам да појдам порано и да видам барем црна сенка дека е во матката, имам преголем страв бидеќи предходната ми беше вонматерична и баш така рано се забележа на 4+5 одприлика. Немам страв од тоа како ќе напредува бидеќи сум мирна дека сум под терапија, само да знам дека е на местото
Знамм истото го направив и предходнио пат и сите ме караа, но кога навреме се открија се бев среќна, а сега ми беше битно навреме да почнам со терапија, рано е прерано но што да правам пусти страв…
Ќе полудам значи, ќе по лу дам! Прво проблем беше пред 3 дена на вредност 2200 (4+5) не се гледаше ништо. Ме мавна психа за вонматерична. Денес отидов пак (3 дена подоцна) виде докторката плодче вика не е вонматерична, изгледа сосем нормална бременост. Попладнето ми се јавува сестрата вика бета вредноста многу висока 10500 (5+1) , види викендот оди негде на друг лекар, докторката не е сигурна баш дека нема додатна вонматерична. Многу брзо расте вредноста. Сега ме пука филм за гроздовидна или каква и да е. Можно ли е вредноста да се дуплира за 30 саати? Читам на нет според сликата денес што ја видов и 5+1 вредноста бета 10500 е сосем нормална.
Појди приватно некаде.Висока е да, кај мене беше 1200 тој период Значи немора да значи ништо но ќе мислиш викендот и ќе се нервираш Појди ремедика систина нема никој одма ќе завршиш работа И пиши ни
@bubemconia Нормално расте. Вредностите растат различно при секоја бременост. Братучетка ми имаше 82000 на 6 недели. Јас не мерев, ама првиот тест ми беше поблед од тој погоре што го постирала членката, а три дена подоцна тест линијата беше толку темна, ја извлекла цела боја, значи растела ептен брзо. Секако дека ќе одиш на контрола, ама не паничи толку пред време. Можеби порано си имала овулација или можеби се две Ајде, па ќе ни кажеш како ќе поминеш, оти ќе те мислиме.
Јас кога имав вонматерична имав крварење и многу јаки болки во десен јајцевод каде што заглавил плодот… во врска со бетата лично јас немав дуплирана бета туку растеше баш помалку, од 260 за рок од 48h беше 470. Што и немора да значи дека треба да е толку многу висока… во мојот случај бетата не укажуваше на вонматерично но благодарение на др. Таше и др. Владко многу рано се откри на ехо.