Девојки ајде упатете ме малку. Сакав да ги земам фемибион 1 ама ве читам повеќето Премама пиете. Имаат некоја разлика или само фирмата? Друго, си пијам Д и Ц витамин, дали да продолжам или има доволно во овие горе што ги спомнав? И дали пиете додатно фолна? Не беше одамна првата бременост ама ич не ми текнува. Следно што треба да направам освен крвна слика? Сега сум 4+3, за 2 недели да закажам преглед мислам ок би било.
Истото прашање и мене ме мачеше и гинекологот ми рече сите се исти, па си почнав со Фемибион 1 како во првата бременост. Фолна има во фембионот нема потреба од додатно. Други витамини не пијам. Крвна слика се препорачува секој месец. Следно ти е преглед. За 2 недели ти е таман за да одиш. Честитки и со лесно.
И фемибион и премама било кој, двата се добри. Ц нема потреба да земаш, има во витаминиве. Д како што знам нема во фемибион, а има во премама, ама тој што е во премама не знам дали е Д2 (ергокалциферол, од растително потекло) или Д3, прочитај дали пишува Холекалциферол (Д3 - од риба, животински производи и сонце) ако го нема, можеш да го земаш додатно. Фолна не земај плус, основата на сите пренатални вит е фолна, плус од храна и плус ако земаш додатно, стварно многу е. Освен крвна слика, ништо друго, ни тоа не мораш до прв преглед.
@Jana06 јас Фемибион пијам, имаат се во нив нема потреба од плус. Не јадам многу ниту па нешто разновидно поради мачнините, ама добро се чувствувам и заприметив дека ноктите ми растат ко луди од ко пијам.
И јас од Фемибионот бев многу задоволна, мислев Ц да продолжам зашто ми е страв малиот од градинка нешто да не донесе ама да пробам прво преку исхрана м? А за Д3 10микро грами мислам доволно е за сега, ене го мај кај е, ќе се сончам. Фала на сите
Вит ц само од храна и уживај, претешко е да се има недостаток на тој витамин, уствари ќе речам невозможно, во секоја храна го има, плус во фемибионот.
Јас земам пре мама. Дополнително витамин д, витамин ц, железо и цинк земам. Фолна не пијам дополнително.
Ќе можеш да ми ги сликаш вит д,железо и цинк од кои земаш? Да почнам и јас тоа да пијам. @Mantub Со душа те чекам да пишеш, како си? Беше на преглед?
Женски да ви се приклучам и јас, 8+5 сум со ивф, па едно питањце зошто паничам на све живо и диво, дома легната прво хематом со мало крварење имав во 6 та недела, ама среќа се среди бев пред два дена на контрола го нема веќе уште ситно нешто останато, што е добро, арно ама стравот од тука се зголеми многу и само лежам и анализирам. И пред неколку дена исто беше па ќе ми помине како притисок постојано да ми се оде до вц, некако чудно нелагодно и постојано е. Ми помина па неколку дена ништо сега еве од вчера пак посебно ми се активира тоа чуство навечер кога ке идам до вц и после тоа како постојано да ми се иде, не она да неможам да издржам, а си идам нормално не идам мн често по малку. Напраив Утинокултура стерилна беше. Дали сте имале вакво искуство? Само чај од брусница пиам ❤️
@Cloverrrr добредојде и со лесно да си ја износиш бременоста Тоа што чувствуваш притисок во бешиката е нормално за првиот триместар затоа што матката со нејзиниот раст врши притисок врз бешиката. Нема место за паника
Жени Што зимате во прв триместар за покачување на железо освен преку храна? Ми препорачаа едно грчки fero folic али ги нема нигде тука мора од грција некоја искуство дали ги пиела и имала резултат, за ниско железо мислам под нормала дури под 7ка
Да јас, но тогаш кога ги пиев не бев бремена. Навистина се одлични, ми го кренаа железото и најважно не ми правеа стомачни проблеми. Патем и многу се ефтини. Да имав можност да ги купам без размислување би ги зела и сега во бременост.
Да очигледно сите ги фалат и цена и квалитет, тоа е најбитно значи а извини вака а запек и нередовна столица? Читав дека само тоа кај некои пациентки им правело проблем али па ги пиеле преку два дена..фала ти ајде сега пуштаат и без пцр па може ќе се најде доставувач