Исто ми беше во 1 триместар. Нон стоп мокрев и навечер. Сега во втор не ми е толку изразено како во прво триместар
И мене ми е паднато железото. Смее Хемовит Плус во бременост? И дали ќе може плус Пре мама, со оглед на тоа што и Хемовитот има фолна, Б витамини...
Здраво на сите прво. Би сакала помош совет како да постапам за понатака бидејќи не сум баш спремна и подготвена. Последен циклус имав на 26.12.2021. На почеток на Јан. фативме грип па кај средина на јануари фативме ковид и ми доцнеше циклусот. После два грипа мислев дека доцнењето ми е ради тоа ( знае често така да ми се случи). Со дечко ми не користиме заштита... и употребуваме pull out метод Ние си планираме фамилија, само што мислевме да почнеме да пробуваме од лето натака, после свадба. Арно ама ете сабајле направив домашен тест и поз. е. Малце сум збунка сега. Апликацијата вика 6 недели сум. Кој ми е нареден чекор ? Крвна слика тоа хцг или правец кај докторката ? Дали имате некој др генерален совет за што понатака?
Честитки. Закажи си ехо кај гинекологот и ќе те насочува за секој следен чекор. Од 6та, 7ма недела и срце ќе чуете. Со лесно.
многу ме израдува дека смени група И јас сменив група, сега сум 10+5. Јас па секојдневно повраќање веќе 3та недела. Ама се ќе се истрпи само бебуш да е ок
Женички како сте со мачнините на работа? Јас денес прв пат имам мачнини ама само сабајле докај 11 часот и баш ми беше тешко да работам. Пиете јадете нешто што ви помага?
Фала женска мило ми е и за тебе ❤️ слатки маки ни се ова сега и јас сум со некое гадење константно и гледам начесто само да јадам а ако се прегладнам и готово после ништо во уста неможам да ставам
Мене солени крекери многу ми помагаа од сабајле, кока кола или оние газираните води со вкусови на Добра вода. Во најлошите денови ништо не помага ама тоа е што е.
Освен антиметил има нешто појако, а дпзволено? Немам уште мачнини ама некако ко да почнуваат. А овие сум ги пиела, за ништо не ги бива. Ефект сосем мал, скоро никаков.
Мене ми даде матичната антиметил и реглан , консултирај се со матичен. Реглан сигурно ќе ти помогне ама сепак консултација.
Јас вчера низ темиве барав, ова го најдов. Ама како што читав и ова е ѓумбир Мене малку ми помагаат антиметил плус б6. На уште неотворени очи грицкам бек ролс, после станувам и пијам апче
8+1 имам розок исцедок од сабајле, мн се исплажив, примам утрогестан од 200 по едно навечер.Утре сум кај матичната на преглед, се надевам дека не е ништо сериозно.