Здраво мамички. Ајде да се бодриме и храбриме. На мене ова ми е втора бременост синчето ми е година и 6 месеци а вие?
Женски пробајте киви да јадете. 1 киви па ќе каснете нешто леб. 2,3 часа нема никаква мака да имате, штом пак почнат мачнините пак исто 1киви, или половинка , леб,па другата половинка киви. Ептен помагаат, никакви мачнини немам 2,3 часа, ама баш никакви. Дај Боже и вас да ви помогнат
Ма јас ова со првата бременост си патев. Сега немам буквално ниеден симптом, не се осеќам трудна затоа и отидов бета пак да проверам Нека остане вака. Искрено од мачнини и грчеви кај бебе трауми имам, само од тоа ми е страв
Леле исто Грчеви до 4ти месец со детево.. Мачнини исто. И сега катастрофа бев. Со Софи ај бар ќе повратев. Ова мака бе, нагони ,душа ми излегува, не можам да повратам. Од сабајле додека не јадам едвај станувам од кревет. Девојчево не можев да го чувам. Кивите ме спасија Кога си на преглед?
За една недела, почеток на 7ма. Е и јас така бев, прсти ставав во уста да си олеснам и не и не. Еве сега уште пред да дознаам дека сум бремена нели баш пишав дека повраќав, ми се слоши, си повратив и олесна. Ова мачнините многу се тешки. Тек је почело, 5+2
И јас ова ќе го пишев. Рано е. Ама дај боже и да нема мачнини .Јас во 5та недела бев екстра. Некаде после 6,7 ми почнаа мачнините.
@Kate Rina 93 прв пат слушам ова за кивите ама ќе пробам. Мене од сам почеток ми почнаа мачнините и негде до пред една недела бев катастрофа, па после се намалија дури почнав да паничам дали е се во ред. Е сега овие 2-3 дена ми траат од ко ќе се разбудам дури да легнам. Јадам или препечено лепче без ништо колку да не ме боли желудникот или по некоја гризина ко ќе можам. Од вода ми се лоши најмногу, дека празен желудникот, едвај витамините ги пијам. Можам само цеден портокал или сок 100% што е. Ако има ефект со кивите ќе пишам.
Пиши дали има ефект па да пробам и јас.. 5 + 2 сум и буквално цел ден имам мачнини ми врие цел стомак. Земам негро бомбони и малку се смирува но потоа пак почнуваат.
Јас случајно открив. После тоа баш побарав на интернет и пишуваше дека помагале при намалување на мачнини. Пробајте
Јас си го најдов спасот со јабука, сабајле веднаш откако ке станам јадам една и многу ми е подобро. Имам гадење малку без повраќање ама не е толку страшно како тие 2 дена кога пишав, ова се трпи