Мамички како сте Сакав да прашам дали е сее ок со моите анализи иначе 8 недела сум , некако леукоцитоте и седиментацијата ме плашат има ли место за паника или нормално е до утре неможам да чекам ..
Супер ти се резултатите. Седиментација немаш испитувано, ако мислиш на леукоцитите во седимент на урина тоа не е ништо страшно.
Нека си направи уринокултура ама штом бактерии нема на седимент, не верувам дека ќе има и во уринокултура. Обично обратно е, некогаш се гледаат бактерии под микроскоп во седиментот, а уринокултурата е чиста. Леукоцити во урина и од некој вирус може да се. И од многу други причини што не се со бактерии поврзани.
А јас сум утре на прв преглед. Се надевам се ќе е во ред па и срценце да чујам 8+6 ќе сум утре според мене. Исплашена сум.
Мене ме фати паника. Некако многу рано ми се намалија мачниниве.. Освен насабајле малку, после немам. Од 4та недела како ми почнаа еве денес без ништо да пијам, немам мака.. А 7+4 сум. Нели до 13та недела некаде траат.. Со првото така ми беше Да чекам уште 2 недели за преглед или да одам за секој случај порано?
Не е ништо страшно, уживај додека не се појават пак мачнините, се надевам дека ќе немаш мачнини. Јас сум 19та недела и до сега не сум имала никакви мачнини исто ми е како и пред бременоста.
И јас имав само 2 дена утрински мачнини, сега само на допир гради ме болат и мнооогу ми се спие, друго ништо. И мене ми е во мисла дали е се во ред. Јас ќе чекам до прегледот наредната недела. Ајде може ние без мачнини ќе поминеме
Јас цела бременост без ниеден симптом ја поминав. Сега веќе ми е тешко ама 35+4сум. Ќе издржам уште малку.
Ме утешивте женски Јас до пред 2 дена катастрофа бев И мачнини и повраќање. Завршив на инфузија. Дај боже да е се во ред и да не се вратат мачнините Едвај на ќерка ми јадење и правев А градите ме болат и ми се спие
И јас така мислев , си викам фала богу завршија , денес 14та недела сум два дена само повраќам без престан