Многу рано си отишла си требало да почекаш барем да поминат две недели од позитивниот тест па да отидеш на лекар пошто линијата ти беше бледа можеби подоцна ти е зачнато и затоа сеуште не се гледа.
Девојки ајде и јас да ви се придружам .. Конечно ❤️ Сега сум 5+3 бев на контрола видовме сакус, во понеделник имам закажано за преглед се надевам и срценце ќе слушниме или рано е? Страв ме фаќа, прва бременост ми е..
Со лесно Па мислам ќе може да се слушне тогаш ќе бидеш 6та недела, јас тогаш слушнав срценце. Зависи кај секој е различно некоја дури и во 7ма недела слушнуваат срце. Нема што да ти е страв, се ќе биде во ред.
Ја почнав 11 недела, за 2 недели и ќе одам на прв скрининг. Состојба: Како да не сум бремена, ни еднаш не осетив лошење, болки... Е проблем со запек имам. Со лесно на сите
Првиот скриниг вагинално е или абдоминално ? Знам со Софи одев на приватно и вагинално беше, сега ми закажаа на 23ти ,државно па да знам што ме чека
Мака мачам со тврда столица. Денес посебно едвај успеав да идам во вц и тоа многу долго напнување. Веројатно сега поради тоа ме боли стомакот долу, како нешто да ми тежи, да ми го влечи надоли, мислам дека ќе ми падне кога се движам Испаничена сум. Нормално е или да преземам нешто?
Имам и јас понекогаш таков проблем и ми помагаат сушени црни сливи... нема зошто да се паничиш, констипацијата е нормална во бременоста.
Немаш претстава колкав хемороид ми излезе. Не можев никако да одам во вц мислев ќе умрам, притисокот ми се качи мислам. Со мелено ленено семе, суви сливи и јогурт се спасив. Сега второ тромесечие сум и веќе немам мака со столицата.
@Anturium Јас со Софи кога прокрварев , имав запек и баш напнував пред тоа во вц кога бев и бидна што бидна. Докторот ми рече можно е да сум прокрварила и од тоа што сум напнувала.. Сега страв ми е дека на многу сува храна cум, па овде читав за суви сливи. И пијам навечер 1 чаша чај со суви сливи и сабајле можам да одам во вц.
Да не ве цитирам сите, фала ви на одговорите Јадам суви сливи, ги варам и како компот, јогурт пијам, јадам храна со влакна, често сум на течна храна супи и манџи. Правам се што читав дека помага, и пак без напнување не можам да идам Магнезиум посебно не пијам, ама го има во витамините со фолната што се. Сега ми се намали болката, гледам да мирувам почесто после идење во вц. Јас и претходно си имав ваков проблем, ама не беше постојано, сега е цели 2 месеца мислам дека ќе полудам веќе. Се надевам во второ тромесечје ќе ми се среди и тоа А да уште со ленено семе немам пробано. Како го приготвувате и со што го јадете, се одварува ли и да барам директно мелено да купам?
Aaa не, јас ако пијам 2 пати дневно тогаш Женски 2 прашања имам. 1 .почнав олиговит да пијам. Таму има магнезиум 60гр. Можам плус магнезиум да пијам или доста е? 2. Дали смеам чај од нане да пијам и по колку дневно?
Земи си Порталак сируп од аптека, не се мачи така бидејќи можеш поголем проблем да направиш со тврда столица. Овај сируп е безбеден во бременост, слободно консултирај доктор или фармацефт ќе ти кажат дека е во ред да се пие, и на мали деца го даваат кога имаат тврда столица. Составот е лактулоза (концентрирани шеќери) сосем безбедно.
И јас сум со истиот проблем. Ми помагаат суви сливи сварени во вода, како компот. Кај мене делува, пробај.