Јас сакам да ве прашам која е разликата помеѓу вашето детенце и сегашната бременост. Моите ќе бидат разлика точно 2 години. Морам и второто со царски рез па малку ми е страв бидејќи е мала разликата од првиот царски до втората бременост.
Моите ќе бидат 2год и 3 месеци.. јас природно бев породена. За царски мислам штом ќе има две год поминати не е страшно.
Немаме проблем со нишање си заспива сам ама си сака носење во раце особено надвор кога ќе се измори. Ја прашав докторката што мисли, вика не е толку страшно ако го држиш само не го кревај од под. И сега се качува на кревет или стол и така го зимам ама пак гледам да е што поретко. А за нишање за заспивање гледај да почнете заедно во кревет да се заспивате инаку кај ќе ти биде крајот со две деца
Ми рече дека наликува на машко, но да не го земам целосно тоа како точно, зашто сепак не бил сигурен... ова на приватно, а матичниот ништо не можеше да види претходниот ден, рече на наредна контрола за еден месец ќе кажел.
Девојки јас сум настината Ме боли грло,кивам, кашлам по малку. Дали можам да пијам стандард витамини за настинка како вит.Ц, Б, Д, цинк и слично? Во моментов само фолна пијам инаку 6та недела сум.
Девојки едно прашање другарка правеше тест за бременост на 9-ти март бетата и беше 70 , денес пак испитуваше бетата и беше 261,5 , добро е ?
Има правила кај бетата како се дуплира. По тоа гледаат дали е во ред бременоста ко ќе мора да се испитува.
Се зголемува, но пребавно. Иако викаат дека треба да се дуплира за два дена, во пракса, кога се работи за здрава бременост дуплирањето особено на почетокот на бременоста е за уште пократко време, во овој случај е за околу 63 часа. Сепак, времето ќе покаже. Да се надеваме дека ќе биде добро.
Нека отиде на гинеколог, над 200 вредност на бете веќе ќе може да се види на ехо. Ем нема да има грижи, гинеколог ке и објасни се и ќе ја советува што понатаму