Koга лежиш до него секогаш ставај перниче мало кај стомакот. Јас и така спијам. Дека само мрда во спиење ,па да не ме удри многу
Бев пред малку, среќа се е во ред, дури напреднало за неколку дена. Беше поназад една недела ради касна овулација. Ме изеде совест за ова бебе, ни пазам што јадам, ни колку спијам Колкава разлика меѓу прва и втора бременост... Фала што ме помисли
Се пријавувам за грижа на совест. Витамини едвај и преку еден ден ги пијам, прееска земав упат за лабораторија матичната ми вика втор пат ми бараш, а 6м. сум, на ехо одам на 1,5м., секако не спијам зш малиот ми е не спијач, за исхрана да не почнувам, само јадам со посебен акцент на благо, до сега ме тепаше мисла колку ќе можам да им обрнам внимание....итн. Но, за миг убаво ми дојде да прочитам дека има некој со слични стравови.
Има, има Ги читам и другите мајки со втора бременост колку се стабилни, во тек, пијат секакви витамини. Јас едвај и фемибион ги пијам, не сум ги заборавила дека пијам и друга терапија која ми е поважна и не смеам да пропуштам, па така ми текнува и за витамините. Морам да запишувам кога крвна слика да правам, кога преглед, инаку ќе заборавам Со првото бев многу поразлична, со ова заборавам дека сум трудна. Жалосно ама тоа е, ајде ќе си дојдеме при себе
Зошто така? Ќе те карам. Јас и на работа одам. Цел ден само пијам нешто , незнам веќе колку аларми имам на телефонов
Па може проблемот е дека работам од дома или што знам. Друга ми е атмосферата, нит сум фокусирана на работа целосно, нит на мене. Како расеана сум. Може и таков ми е периодот со премногу тешкотии. Се стопли времето, ќе биде поубаво сега
Мамички едно прашање, мојата бременост од почеток е без никакви симптоми. Ниту јадам повеќе, ниту имам мачнини, не спијам многу, имам енергија. Единствено градите ме болеа малку, оваа недела и тоа престана. Дали е се ова нормално? 10 недела сум, се плашам дали е се во ред. Контрола имаме закажано за една недела.
Да, нормално е. Градите можно е пак да почнат да те болат. Мене во 10 ми престанаа и почнаа пак кон 11 и до 15 некаде ме болеа.
Јас сум 7ма недела и имам на моменти кратки, јаки болки во левиот јајник.Болката трае 1 секунда, но се повторува. Дали имате ваков симптом, ме плаши…
Добро утро идни мамички Ке ве замолам за совет и споделување на искуство. Ова ми е прва бременост и при првата контрола кај матичната (пред 3 дена) се утврди дека сум бремена 6.5 недели, но големината на плодот одговара на 5.5 недели, срцева реакција немаше. Ден после прегледот имав кафен исцедок по што веднаш и се јавив на матичната,бев на контрола и утврди дека има одлепување на дел од сакусот и веднаш ме упати во клииника на чистење, за по неколку секунди да види на ехо дека плодот развил срцева реакција... Ми даде терапија - утрогрстан 200 мг, орално, само пред спиење, и на контрола после два дена. Премногу бев уплашена и збунета (ме извади од памет со предлогот за абортус), утредента бев на контрола во Ре -медика на второ мислење, каде ми кажааа дека не е ништо страшно, плодот е во ред, разликата во големина може да е поради покасно зачнување, и има срцева реакција. Во однос на големината на сакусот докторката кажа дека е малку помал, но рано е за било какви констатации. Примив инекција утрогестан, и сега продолжив со терапија со утрогестан сабајле и навечер и no spa апчина, строго мирување, па во понеделник повторно на контрола. Ке ве замолам да ги споделите вашите искуства, фала ви
Девојки, 4+3 сум ама ме фати некоја настинка, крајници болни и отечени, малаксаност и малку сува кашлица. Што можам да земам? Парацетамол?
Парацетамол смееш. Имаш пастили дозволени во бременост да лижеш - Пантенол, и исто можеш да си земеш прополис за деца без алкохол, има спрејче или капки. Чаеви со лимон, цеден сок, гледај да внесуваш повеќе витамини природно.