Девојки пак јас, да си прашам 4+5 сум, и освен бел исцедок, кратки грчеви во стомак кои траат 2-3 секунди и минимална болка во гради немам ништо друго... Сум читала дека кај секој е различно и некои немаат симптоми ама како врват деновите почнува страв да ме фаќа Дали е рано? И дали да очекувам да се појават после 5-6 недела?
Јас со првото имав многу симптоми од старт, најизразени ми беа мачнините и сензитивни гради. Сега немам никаков симптом, еве ја терам 12та недела. Неделава имав само мачнини ама бев болна и мислам од тоа ми беше. Уживај, се е во ред
Прва бременост ми е, а една година се обидувавме и некако имав изгубено надеж па тргнав по испитувања и баш тогаш се случи. Сега го анализирам секој симптом и само се плашам да не се случи нешто. Фала ти многу
Верувај ми и јас се плашев, ако ми е второ. Рано е кај тебе, може да се појават мачнини после 6та недела, па да се каеш што си ги барала Инаку, и кај нас исто, скоро година обиди и кога почнав да испитувам тогаш забременив и не ми се веруваше, тек сега почнав да се осеќам бремена. Со лесно до крај
Здраво мамички❤️ Денес бев за контрола неможев да издржам до 13та недела , денес сум 9+2 се е во ред , од симптоми имам болка во градите само и од време на време гадење . Вие како ми сте?
Да се приклучам и јас во темава како нова.6 недела со болки во градите,поспаност,повремено грчеви во стомакот и од вчера чувствувам некој мачнини,гадење засега без повраќање.За 2 недели на гинеколог за срцева реакција
Дали некој му се има случено да има благо покачување на АСТ и АЛТ.Денес правев крвна слика и ги добив тие резултати.Дали имал некој некое слично искуство да сподели?
Женски, не знаев каде да го поставам прашањето можеби не е за тука, па препратете во соодветна тема ако има. После колку време од доцнење се иде на ехо? На денот кога го закажав прегледот веке ке ми доцни 1 недела. Да не е рано?
Рано ќе е ама може ќе се виде жолтна кеса. Најдобро е 14 дена по доцнење. Можеш да провериш бета, ако е над 2000 супер е за ехо
Девојки денеска цел ден ми е тешко некако кај желудников ми се повраќа но никако не можам да повратам...10та недела сум вчера и денеска повратив но со сила бидејќи ми беше многу тешко..некои совети како да си помогнам?
Јас имав мачнини, особено после ручек, но не повраќав. Во тие ситуации најмногу ми помагаше спрајт сок но така голтка по голтка...
Se zaclenuvam. Neznam koja nedela sum,nekolku dena mi kasni. Beta 870. Na 8mi april prv pregled.....))))
Инсталирај си ја апликацијата Pregnancy+ и ќе си внесиш податоци тами, па ќе си видиш која недела си, макар што можеш и сама да си пресметаш
Девојки имам позитивен тест и само 4 недели сум бремена. Денес се испитав од страв дека имав еден спонтан. Тсх 2.9 доктор од патофиза што ми ја следи тероидната вели ок е не менуваме терапија. Гинеколог вели високо е барај друг доктор. Пролактин >200, д димери 1900. Ваше мислење и искуство?
Д димери ти се премногу високи за 4 недела, сигурно ќе треба клексан а можеби и Аспирин плус. Најдобро со трансфузиолог да се консултираш ама веднаш!