Да се пријавам и јас овде 6 недели и 5 дена трудно, видовме точкичето и има веќе срцева акција. Некои посебни симптоми немам, освен што мн ми се јаде и ми се спие - посебно деновиве. Од изненадување на годината гнетам маслинки кои предходно неможев пред очи да ги гледам. За 2 недели контрола, оваа недела треба да бркам термин за димери и хемостаза. Со среќа на сите.
Со среќа мами! Термините за ддмери и хемостаза ги пуштаат секое утро кај 8-8:30часот. Биди тоа време кај матичниот гинеколог да ти издаде упат.
Денес бев кај Јани, димери 1800, ми рече клексан од 40 да си продолжам и аспирин 100.Јас сум 5 недела, гинеколог ми вели високи се.Мислење, искуство, утеха?
Др. Јани сигурно повеќе знае од гинекологот,тој е трансфузиолог,не би требало гинеколози да даваат терапија со клексани воопшто,туку ако видат проблем да те упатат на трансфузиолог кој е стручен да одреди правилна терапија.
Затоа и ме упати гинекологот на трансфузиологија. Ин витро правев затоа примам клексани. Страв ми е бидејќи ме болат нозете веќе од колената надолу и јмав еден спонтан пред 2 години.
Во право беше @Jana06 дека ќе се покаам што ги барам симптомите, денес сум 6+0 и веќе 2-3 дена имам ужасни мачнини по цел ден, ништо не можам да јадам, од сè ми се гади. Најлошо е што ем сум гладна ем ништо не можам да ставам во уста, со сила јадам нешто суво за да не сум гладна... Не ми се гади само кога спијам, како може да си помогнам? Бар да ги намалам мачнините малку зашто ова е ужас, ниту една храна не ми е вкусна
Оффф баш ми е жал. Одвратно чувство, бар да повраќаш да си олесниш. Ѕирни во темата 'Мачнини во бременоста' може нешто ќе ти помогне. Пробај од сабајле некој солен крекер и добра вода од ѓумбир.
Здраво, дали имате искуство со макмирор вагиналети? 6 та недела сум пред да забременам правев пап тест и на резултатите кои што сега стигнале испаднало некоја инфекција, па докторот ми го прекина утрогестанот вагинално, сега треба да го земам орално, а вагинално макмирор да ставам навечер.
Мамички здраво. 5 недела сум. Сакав да ве прашам дали одите на работа и дали имаме право барем првиве недели да си бараме боледувањр или работа од дома , со оглед на ковидов и тоа што патувам со автобуси а и ми почнаа гадења и баш ми е напорно
Иста бев, за жал немам некоја утеха. Знаеше да ми биде подобро од кока кола, а за јадење поднесував само сирење со малку леб или смоки со кисело млеко. Исто и од кива или јаволка насабјле ми беше подобро. Ама тоа само неколку минути, после пак исто. Издржи… После 12 недела бев како нова
И јас исто, само леб со сирење поднесувам. И ништо не ми е вкусно, па готвено јадење не можам да поднесам, ми смрди, буквално и водата ми смрди Најлошо е што ова трае цел ден, кога ќе заспијам тогаш ми е добро и малце кога ќе се напијам ладна кока кола подобро ми доаѓа. Се надевам брзо ќе пројде
Издржете мешиња, утешително после 15та недела преку ноќ се ми прекина. Иста бев и јас само леб и сирење јадев
Многу "утешително" Уште мнооогу имам до 15 недела, јас сум 6+0. Ама ќе издржиме, што се мора не е тешко
Да, Ви се придружам и јас со мачнините. Од сабајле до вечер сум со нагони на повраќање и повраќање. Што и да каснам ништо не помага. Со сила буткам, апетит немам за ништо. Малаксаност, како воз да ме прегазил. Но, ќе се издржи се за нашите бебушки.
Гледајте на позитивна страна барем вагата ќе стои во место Вака после кога ќе прекините со повраќање и ќе качите за 6недели 5кг како мене и ќе речите јао шо арно си повраќав Да сме здрави и живи само
@Arababy @Vincent @V.N. @Black girl @Mari-Li@kikikikirika (може некого заборавив) Друштво да ве поздравам и да ве потсетам на деновите кога кукавме во темата мачнини. Иако ни беше лошо, сепак добри денови беа си дававме поддршка едни на други.
Аууу ќути помина тоа, мислам дека вечност траеше Сега сме во најубавиот период од бременоста, да поуживкаме зошто на крај осеќам дека пак ќе биде ,,забавно,,