Девојки здраво. Ви ја пракам мојата сликичка. Ве молам кој се разбира да ми објасни. Според последен циклус сум 5+3 ама докторката рече сакусот одговара на 6 недели и 1 ден. Е сдга не рече друго ништо туку ддка се глеаме за две недели. Она што ме загрижува е тоа што на сликата пишува г сакус 2cm ...нели е тоа малце големо? Читав на гугл дека ако е поголем може да е лош знак.... Знам дека не треба да гуглам ама ете....
Прво треба да се опуштиш и да уживаш. Мене од првото ехо до сега 26 недела плодот по мерки ми е 1 недела поголем а кај матичната дури и две недели поголем. Според мојата докторка подобро понапредно него да касни со неделата. Немаш простор за паника.
Мешиња хелп И водава што ја пијам ја повраќам. Од храна нема што не пробав џабе. Купив и вода од ѓумир, ништо не помага. Ми е страв, да не им наштетам на бебушкиве
Нема да им наштетиш. Пробај со антиметил таблети и бедоксин три пати дневно. Жал ми е што поминуваш низ ова
Абе женски само мене ми се повраќа од кога ќе се најадам или нормално е? Друго од симптоми немам ништо ..
Биди среќна што само тогаш ти се повраќа. Јас од кога ќе отворам очи наутро ми се повраќа, гладна или најадена нема врска, цел ден маки мачам
Jas iskreno ich ne povrakja.....sekoja bremenost svoja prikazna....samo zdravi zhivi bebushki I majki...
Девојки, 7ма недела сум бремема, уште од пред да направам тест до ден денес секој ден имам болки во долниот дел од стомакот. Не се постојани, ама најмалку 5 пати дневно се јавуваат и траат по неколку минути. Дали има потреба од грижа?
Не ти спомна ништо за yolk sac? Се гледа дека има на сликичево. Само дали ти спомнала таа? Зошто бе вака не кажуваат ништо, во мисла те оставаат. Па и дојди за две недели
Мене после 15,16 та недела ми се намалија мачнините. А еве вчера пак повраќав. Знам од време на време да повраќам. Изгледа целосно опоравување по пораѓај
И јас имам уште гадење, а и плунка ужасно многу ми се лачи, а сум 20 недела. Се помирив дека до пораѓај ќе ми трае. Тоа е.
Уште имаш плунка? Многу се измачи ти. Немам јас веќе. Ама шлајм на сабајле имам нон стоп. И со пренаталниве имам проблем едвај ги пијам многу сум гадлива, и мирисиве уште ми сметаат.
Како сте ми мешенца? Јас сум добро, фала му на Бога, денеска убаво си ја искористивме дента за прошетка, прекрасна беше нели? Инаку, од симптоми имам само болки во градите и тоа асални, ќе ми прснат и болки во половината, исти како менструалните, ама блага болка е, не е ништо страшно, ќе издржиме. По се изгледа дека мене допрва ми доаѓаат тие ,,мачни" денови како што ве читам. Ваша мами со душа го чека понеделник. Го молам Бога само да биде се како што треба ама верувам дека ќе биде!