Здраво одамна ме нема на форумот, но секојдневно читам. Бев на гинеколог ми потврди бременост, имаше yolk sack и мала точка. Утре ми почнува 5та недела и беше рано за срце. Докторката рече се е во ред јајниците, големината на сакусот се поклопува со неделите, единствено под сакусот имаше крварење во матката. Ја прашав ми рече не е сериозно се додека се повлече до 10 недела. Дали некоја имала искуство со ова, треба да се плашам??? Инаку освен грчеви и мали менструални болки немам поголеми болки или крварења. Ми препиша утрогестан вагиналети, но да ги земам само при болка и крварење.
Со лесно да биди.. Во мали недели имав кафено јас,и на ехо се гледаше од кад ее крварењето до матката.. за краток период се повлече.. веќе на втор скрининг не ни кажуваа ништо се си беше во ред.
Вчера прв пат бев на преглед на ургентен затоа што имав некој кафеав исцедок, а пред 3/4 дена добив позитивен тест преку урина, и вчера бета околу 150. Наводно сум на крај на четврта недела, многу рана бременост. На ехо гинекологот не можеше да види ништо, и сега за сега ми ја води како биохемиска бременост. Терминов малку ме плаши, иако знам дека секоја бременост пред да се потврди на ехо се смета како биохемиска. Ендометриум ми виде само 12мм. Дали исцедокот може да значи нешто, дали треба да се плашам и дали задебелувањето на ендометриумот е океј за рана бременост?
Задебелувањето незнам дали е во ред. Во рана бременост дефинитивно може ништо да не се гледа. Ама за да си пораат утре направи уште една бета да видиш дали се дуплира. А нешто ти дадоа за поддршка?
Леле Дани Официјално да ви придружам Прв скрининг помина одлично, камен од срце ми падна, конечно да се израдуваме како што треба. Нека овој декември биде на наша страна.
На основа на што ја води како биохемиска? Треба пак да се испита бета, ако расте правилно значи во ред е, ако е помала од 150, тогаш може да се смета за биохемиска. Кафеав исцедок не е невообичаена појава во рана бременост.
Здраво на сите, бремена сум 8+6 со еднојајчани близнаци. Од вчера почнав да чуствувам некоја чудна болка како некој со нож да ме боде во една точка од десната страна, трае 1-2 секунди и исчезнува и после некое време пак, немам крварење или нешто слично ама на контрола сум за 2 недели и малку се исплашив дали е ова нормално или не.фала ви
Нормално е,плус и дека близнаци се симтомите и болките ќе ти бидат поизразени. Колку што можеш повеќе одмарај.
Zdravo na site bremena sum 13+4nedela , no veke 3 dena kako nosot mi e zatnat i mnogu cesto kivam .Pravam inhalacija so fizioloski stavam kapki akva maris ama nikako ne mi e podobro . Moeto prasanje e dali da se napijam paracetemol ,bidejki se plasam da ne mu bide nesto na bebceto.
Денеска ми е 30ти ден од циклус по вчерашниот позитивен тест денес отидов на преглед рече рано е уште не се гледа ништо само јајце клетка спремна да се закачи внатре ендометриумот е 13.4mm а бетата ми е 993.
Таа бета е супер за тој период. Почекај уште една недела би требало да има плод. Ако нема, прави бета, ако е над 2000 треба и срценце да слушнетњ[/QUOTE]
Дали во рана бременост е нормално да се изгуби веднаш лошењето и гадењето на храна? Ми се појави точно на прв ден од 6 недела и после ден ипол немам и сега сум 6+3 воопшто немам, дури имам и повеќе енергија. Исто така ми се губат па појавуваат болки во гради што претходно ми беа постојани. Мора ли да се знаци на missed или џабе паничам? А имам преглед закажан во 8 недела