Смири се, нема ништо да биде од цигарата и тоа што си се изнервирала. Сега опуштисе и не се замарај со ништо, сега ништо не вреди повеќе од бременоста.
Ќе правам да ти кажам. Здравје за петок се мислам да закажам. Ќе дојдат во мојов град. Да ти кажам искрено, на приска не верувам. Мене за првата бременост, во Плодност ја правев, ми се јавува докторката и ми вели знаеш добро излезе, ама рече во стил демек може и ризик да има, ради годините, демек статистички пресметано, а 28 имав. И добро е вели да направиш пренатален. Па шо давав пари за приска, жено?? За да ги полнам нив. И направив пренатален, нормално. Затоа сега директно пренатален ќе правам.
Лелее повеќето така кажуваат дека прво ги оставаат приска да прават па после им викаат не е точен направи си пренатален... и јас не можам да разберам зошто прво бараат приска, т.е можам, заради пари. Не знам што да правам, а што ако некој не може да си дозволи пренатален или се прави и на државно?
Кај нас не се прави. Се зема крв и го пуштаат во друга земја, зависи од тестот каде. Резултати за недела дена. Поточен ќе ти е скринингот, а приската реално не ми е верна. Поарно да не ја правиш, според мене, сега да не ти влијаам на одлуката. А каде ќе правиш скрининг? Која возраст си (ако сакаш да кажиш)
Ако правиш пренатален приска не ти треба воопшто. Ако толку ти е шубе бар не ги давај парите и прави на државно иако тој тест стварно нема врска и е само обична статистика. Уште за првата бременост пред 5 години матичниот инсистираше да не ја правам дека е чиста глупост. Оваа бременост ни на крај памет не ми падна ниту тој или био кој друг доктор ми ја спомнал.
Во Плодност сакам да правам скрининг, сакав и приска ама не знам сега се двоумам, ајде во среда ќе правам муабет и со матичниот, ќе видам и тој што ќе каже. 24 години имам. Кај која докторка во Плодност правеше ти?
Да. Со тоа што во првата бременост (тогаш бев 33 години), првично не ми беше во план, ама излегоа некои компликации па итно правев во 24 недела. За оваа бременост, поучена од претходното искуство, плус сега сум 38 години, од старт знаев дека ќе правам најрано што можаш. Го направив 11+3.
Па доста си мала, немој да правиш. Само ко за статистика им служи, ништо повеќе. Нема дијагностичка вредност. Јас кај д-р Марија правев, таа ми се јави за резултатот. И скринингот кај неа беше.
Кај неа се породив. Пријатна докторка е, мојш и кај неа. Задоволна сум. Па како беше, за пола сат или еден сат, не помина многу време.
Генерално сите пишува дека може од 10та недела. Ама јас дека примам клексани и аспирин и ми беше шубе дека читав искуства дека може да влијаат на концентрацијата на фетална днк во крвта што всушност им треба за ова испитување и не ми се ризикуваше да треба да ме пребоцкуваат и да чекам два пати и се одлучив со полни 11. Инаку официјално никаде не пишува дека клексанот влијае. И првиот пат и сега го правев Верифи
Не најопширниот и е 35900. Основниот колку што се сеќавам им беше 31000. Примерок мислам земаат само понеделник рано наутро и ги праќаат веднаш. Резултат 7-10 работни дена, мене ми стигна 8миот ден.
Во Жан Митрев зимаат примерок. Пиши им на genetskalab@zmc.mk Одговараат брзо за се што те интетесира. https://zmc.mk/services/genetska/
Хелоу да се искажам и јас 7+6 сум, втора бременост, слушнавме и срценце на 7+1, а бебето одговараше на 7+0 првата бременост ми мина толку лесно, не знам како да кажам, а со оваа сум под стрес од сам старт само чекам да минат овие 3 месеци и да ми олесни малку од малку, се осеќам претепано, ко воз да ме згазил, кај да ме остави чоек таму можам да заспијам, плус имам мака со желудник и киселини, а апетитот до небо а и со конизација сум, како ќе лежам од кај 5ти до крај, не знам, ќе се издржи некако, ко расштрафена станувам од спиење, се ме боли, дали е можно толку мака на почеток да имам, со првото не се сеќаам да ми беше вака, немав гајле ич
Потполно исто. Втора бременост и овој пат од почеток со болките во колкови и кичма. Си станувам секое утро како расштрафена