10+ недела. Генерално немам ни болки, ни мачнини меѓутоа се чувствувам премногу изморено. Мислам дека можам да спијам 24/7. Искрено и ме плаши тоа, а тек за 10 денови треба да направам нова крвна слика, да видам дали е во ред. Да се надеваме за 2-3 недели ќе ми помини ова чувство.
Иста сум и јас, плус на тоа болки во стомак и грчеви, гасови, градите ме болат една недела по ризичниот однос, на тоа и се посомневав дека сум бремена, плус и некако тромаво се осеќам а јас сум едвај 50 кг во стомак даска а мачно ми е да се свиткувам во деветти најверојатно ќе се тркалам ако сега ми е тешко
Фала што сподели искуство. Со градиве ќе си имаме мака до крај, а и после тоа сигурно Исто и мене градите ме заболеа недела по ризичен однос и јас така се посомневав во бременост. Болката од тогаш се повеќе се зголеми но тоа е што е.
Ако не ти забранил докторот не гледам причина да немаш секс. Дури и здраво е . Нормално да не е грубо. И јас имав грченја при секој оргазам ама не можат да предизвикаат ништи лошо ,така да освен ако докторот ти каже НЕ нема зошто да немаш секс. Јас имам скоро секој ден од почеток ,еве веке терам 21ва недела
Леле браво. Јас сум на почеток и не сум опуштена. Два месеци не сме имале односи и веќе ми проработи желба. Сега самата се снаоѓам. И контролирам да немам јаки вибрации, што поминимално. Мислиш дека не се штетни по плодот оргазмите?
Не се ,никако. Нема зошто да бидат. Освен ти кажав ако доктор не ти забранил. Штом доктор ти рекол дека можеш воопшто не се стегај Мене мојот ми дозволи од старт да си имаме со тоа што нормално напомена да не е грубо. Гледај на некои им е забрането ...реално незнам зошто би забраниле во нормална бременост. Можда е до докторот Unless you've been told by your practitioner to avoid orgasm or sex during pregnancy, both are perfectly safe. For women with low-risk pregnancies, orgasms won't harm your developing baby, increase the risk for miscarriage or lead to preterm labor.10.1.2022
Дали затнат нос е нормално за прво тромесечие и колку трае? На ова топло навечер сега од носот не можам да спијам ☹️
Девојки сабајле бев кога отидов во тоалет како почнав да мочам како нршто долу ептен на влезот на вагината како да ми пукна нешто и имав малку минијатурна точка крв,проверував после тоа немаше ништо има простор за загриженост,премногу е рано за на гинеколог 5 недела сум не сакам да одам барем со 6 недела да видам дали има срцева реакција да немам стресови.
Кој спреј за нос е дозволен во бременост, за секојдневно користење? Го користев Калменте претходно ама не е дозволен во бременост. Пукнав од носот посебно кога легнувам, и наутро кога станам и глава ме боли од него.
Девојки здраво! 7ма недела сум (6+3), почнав да осеќам мачнини од пред 1 недела наутро понекогаш и попладне ама не сум повраќала до сега. Вчера и денес не осеќам апсолутно ништо, само сум уморна и имам низок притисок вчера спиев цел ден. Нормално ли е некои денови да немам воопшто симптоми? Уште не сум била на преглед имам закажано за следната недела, загрижена сум дали е се ок, дали се развива нормално...
Медена прочитав дека и денес си имала крв на бришење. Мораш да одиш на преглед. 17ти ако требало да добиеш утре си веќе 6та недела.
10та недела сум. Ај наутро се трпи, ок, ама по јадење, особено попладне, стомаков како да ми се крева нагоре, како во желудник да ми се поткрева, потешко дишам. Немам болка, немам киселини, ама некоја тешкотија, како потиснат желудников. Is this normal?
Потполно исто ми беше. Сега веќе полесно почнува да станува, дали и се навикнав или си пројде фазата. Пак знае да ми се крене желудник, ама не постојано и не ми е толку тешко. Ќе помине.
Девојки има некоја што имала кафеав исцедок? Немам многу ама доволно да ме изнервира. 5та недела сум, покриена со терапија. Витамини, клексан навечер и дабростон на 8 саати. Аспирин од сабајле тргнавме од денес. Знам дека е нормално дур нема болки и дур не е крв, а и покриена сум со терапија ама сепак неубаво ми е
Немаш друго што да превземеш, покриена си со терапија и сега мирувај. Ќе помине. Ретко која жена немала крварење во рана бременост.