Дали на некој плодот го водат како една недела помал, според циклус сум 7+4, а плодот одговара на 6 та недела, ама немам точно на 28 дена циклус, и знам кога точно останав бремена. Која големина ви е во 7 ма недела?
6та недела до 6 мм тогаш веќе треба да има и срцева реакција. Следната, односно 7ма од 10-12 мм. Колку мм е твоето?
Па изгледа ама и според тоа што знам кога останав бремена си сметам дека сум 6+,а не 7+ и докторката рече најверојатно покасно што сум останала бремена, се испаничив малку.
Ајде со лесно. сега би требало да си скоро 5та недела или веќе 6та? Јас сум утре полна 11та. Па осетив дека мешето ми се зголеми пу пу пу машала. Ама се штрекам се плашам имам мисли шо ме јадат и така. Здравје само, се молам со добро да биде. Денешен Св. Илија да нѝ помогне
Фала денес сум 4+4 на преглед ќе бидам 4+6 можеби ќе успее докторката да види точкичка . Само нека расте мешко, позитивни мисли и се ќе биде ок не дека јас сум подобра али ете пробувам . Уште сега приметувам дека оваа бременост ми е поинаква од претходната градите неможам да со ги допрам да можам без градник ќе одам , се што ќе видам сакам да јадам ако продолжам вака ќе бидам буренце.
Јас и ти сме ептен близу. Јас денес сум 5 точно. Бев вчера на лекар се виде сакус ама ембрионче уште не. Пиши во четврток како ќе поминеш Инаку болка во гради имам и јас многу и исто сум така стрвна. Мислев ќе ми се гади повеќе ама ми се јаде
Обавезно ќе пишам. Па ова со стрвноста лоша работа да ти кажам .. уште никој не знае дека сум бремена завчера излеговме со друштво сакав се од маса да пробам Што убаво Значи и јас ќе си видам точкичка најубава
@Lina-Detelina имаш уште слаби менструални грчеви понекогаш? Во долниот дел и малку во половина? Ги имам јас, и претходниве дена онака слаби, и само проверувам на ѓаки.
Ептен веќе избледнуваат, ги снемува напред во стомак, а половината знае да ме заболи особено кога сум наведната повеќе време. Не е страшно, не се плаши и мене во 11 ми почнаа болките во половина и додека ги навикнав ден,два многу се плашев. Истото и ја го правам, проверување гаќи ми е опсесија. Денес ја почнувам 13 недела. Вчера правев брисеви, Др виде бел исцедок рече очекувам кандида да покаже ама не мора да значи и ми даде вагиналетки.
Веќе од анксиозност ќе си пукнам. Дури и солзи ми дојдоа. И во првата бременост бев ваква, очекував страшни работи. Ептен сум во грч за вакви животни настани. Понекогаш си велам што ќе биде нека биде, зарем имам моќ да променам. Еве си пишам и си плачам од измешани емоции. Им завидувам на некои кои со леснотија си споделуваат ваква вест. Јас да можам цела бременост ќе ќутам. За претходната бременост дури во 4 месец кажав. Сега едвај на мајка ми дека ме позна. За болкиве и очекувано е си велам, стомакот се шири, ама пак, не ми дава мир. Јас пак жолт исцедок на гаќи имам цело време. И тоа ми е страв, а вака немам никакво печење. Значи немам уживање во периодов, сѐ ми е со страв. А другите ти се чисти? Кандидата ќе ја излечиш, не е опасна, прашав еднаш докторот. Лошење имаш сега? Јас уште така чат пат. Прееска и кафе се напив, првпат сега. Шо барав да варам, уште толку се вознемирив.
Мислам дека стравот во бременоста е нормална појава, секоја мајка се грижи за бебчето во себе, е сега да е во умерени дози. Ама и јас некогаш го претерувам. Си викам леле како ќе издржам до крај вака со страв, ама после си помислувам дека е нормално да се грижам и дека ќе помине се и така сама си се опуштам. Резултатите од брисевите не се уште стигнати, Др даде само претпоставка дека можно е да има кандида според исцедокот што го виде внатре. Превентивно ми даде вагиналетки. Мене искрено не ми се верува зошто секогаш сум имала таков исцедок и пред да останам, а брисевите ми биле чисти. А и да има знам дека не е опасна. Јас повеќе се плашам да не е нешто поврзан со цервиксот исцедокот. Ти имаат мерено цервикс , или рано е? Гадење сеа како повеќе да имам, ама ако видам нешто гадно или на некој непријатен мирис иначе немам. Кафе јас пијам од почеток, по 2 дневно и многу ми е убаво.
Не ми има мерено. Нареден четврток сум на преглед, здравје. Мислам дека подоцна се почнува со мерење. Зш, тебе ти мери?
И мене ми нема мерено, и ми нема ништо кажано за цервиксот. Само за бебето дека е во ред и супер напредува. Си велам и тој е во ред зошто ми нема кажано да одмарам и слично. Изгледа е поткачено нагоре ми се изгуби притисокот и болката ректално. Сега повеќе кај јајниците ме притиска кога седнувам/станувам.
Ете има врска за анусот што притискал плодот. Мене по јадење попладне како во желудник ми притиска стомаков. И мене ме боцка во јајници понекогаш, ако мислеше на тоа. Како притисок како бодеж некако така. А еве сега и тежина осеќам кога станувам,во стомак. Имаш така и ти или имаше претходно?