@Bella_Stella прашај стоматолог и за НБФ гел дали е дозволен во бременост. Јас сум општо со осетливи непца и курапрокс четка со најмеки влакна, редовно користење конец и сензодин паста ми се спас. По потреба и гелов сум го користела и ми помагал.
Curaprox веќе користам, а паста Colgate, ама ќе ја сменам со Parodontax, фала ти. Да истите совети ги добив од стоматолог, вчера бев. За разлика од вчера денес е посмирено, инаку исто и кај мене на неколку заба е најизразено. Да ќе прашам за гелот ако не се смири од Гингивал. Гледам подобрување за разлика од вчера. Се мислам дали има некакво влијание тоа што примам клексани и аспирин..
Јас имам ненормален апетит... јадам и за 2 саати ми кркорат цревата и ми се лоши дури како да нрмам јадено 3 дена... 8ма недрла сум не сакам уште срга да накачам многу килажа Веројатно ќе се стабилизираат хормониве
Zdravo, sakam vaše mislenje. Imam fobija kon životnite i sinoḱa dodeka šetav mnogu me isplaši kuče. Jas sum 6+5 nedela, dali mislite deka ima vlijanie i na plodot. Mnogu sum zagrizena
За ешерихија коли во урина добив антибиотик, требаше да ги пијам 5 дена ама на третиот ги прекинав не можев од кревет да станам од гадење и повраќање. Прашав чаеви нешто друго наместо нив да пијам, они инсистираат да продолжам со антибиотикот. Ми рекоа ако сакам да ги прекинам на своја рака и да одам на контрола за 10 дена ама ако уште има пак ќе треба да ги пијам. Кажете ми увин чај смее ли да се пие и брусница и по колку на ден? Морам да се потрудам да ја исчистам без антибиотик, полошо од овие три дена никогаш не ми било. 10та недела сум инаку.
А зашто не ги слушаш и не си пиеш антибиотик? Има антибиотици кои се безбедни во бременост. Не прави ништо на своја рака и слушај доктори. Пиј Пробиотик заедно со антибиотик и ке биде добро
Знам дека се безбедни, пробав ги пиев 3 дена многу ми беше лошо од нив не можев да ги поднесам.. затоа сакам да пробам со чаеви. Докторката рече може и да исчезне инфекцијата и од тие 3 дена со терапија ама може и не. Ако не е помината за 10 дена ќе мора да пијам пак.
13+2 денес Оваа недела имам повремени грчеви, почесто отколку претходните недели ама претпоставувам време и беше да се јават. Уште некој ден и второ тромесечие. И да, некако оддеднаш , преку ноќ почна да ми се познава стомак. Бидејќи и претходно бев покрупна уште можам да поминам како малку поправена, меѓутоа не за долго
Здр конечно да пишам после долго време бремена по 4ти пат за трето дете бидејќи со третото бебенце се породив во 29 недела и за две недели ми почина бебенцето...сега сум 10та во 11недела бремена примам утрогестан сабалје и вечер вагинално дека понекогаш на бришење имам малку кафеаво а на гаќи и влошка не....малку сум имала одлепување на постелката ама не било страшно....ама по се што ми се случи претходната бременост многу сум исплашена...секогаш кога кр избришам кафеаво си викам готово нема да биде во ред...
Денеска 13та недела, цело време лежам и покрај тоа осеќам преголем замор како да сум копала цел ден во нива не знам зашто тоа не ми се свиѓа ке треба да се вратам на работа а физичка работа е ич немам сила секој ден се повеќе ја губам. Сеуште имам мачнини и гадење не можам да јадам 2 кила сум ослабена за 13 недели, се надевам во второ тромесечие ке јадам инаку бебето едно кило дали ке има, навечер редовно не спијам 2 недели веќе по цела нок, многу ми е тешко од добростонот а мора да го пијам заради хематомот.
Јас правев нифти, чекам резултати сега, имам 28 год, го правам најмногу зошто ми е прва бременост ако имаш средства направи си.
Дали имате лошење, гадење во попладневните часови или на вечер? Нормално, јас наопаку мора Таман мислев дека поминувам без мачнини, бидејќи утрински и никогаш немав, последниов период некаде час/два после ручек/вечера имам тешкотии и киселини. Без разлика на тоа што сум јадела. На работа се случува и потешка храна да јадам без проблем. Дома од кога ќе се одморам, средам, ми се јавуваат мачнини.
Јас. Втор ден еве после ручек не можам да дишам, ептен тешко ми паѓа и ми се гади а што е полошо не можам да повратам и само тегоба осејќам. 15+1 сум денес.
Леле јас сум 6+2 и попладне и навечер ако има маса полна со храна не можам да ја гледам сфатив дека имам мачнина ако не сум јадена и јадам на 3 саати по малку инаку немам ни апетит ама сабајле како стресена сум мора да јадам одма не очекував дека ќе ми се дуе стомак и дека ќе имам мачнина уште сега. Инаку и јас имав кафен исцедок и утрогестан вагинално користам ми кажа матичната дека е вообичаено на прегед сум пак за една недела и само на тоа мислам се надевам ќе се среди
Здраво на сите, по пресметките сега сум 4+3 а на гинеколог ми закажаа речиси за месец дена, тогаш би била 8 недела, па да прашам дали е тоа доцна дали да барам на друго место порано термин☺️ Фала ви