И мене ми ги снема во 6 недела исто испаничив, но се е во ред еве второ тромесечие почнав. Ќе менува цело време и понатаму.
И јас немав никакви симптоми освен болни гради една недела и така како грчеви за пред добивање после се нормално, 11-12 недела имав минимално гадење, се ми е во ред во петок влегувам во 14 недела така да не мора да значи лошо нешто
Дали смее да се јаде сувомеснато? Читам многу различни препораки, а многу сум стрвна за сендвич со кулен
Не се препорачува посебно сега во топло време ама нема да ти е ништо од еднаш ако каснеш, ништо што е претерано не е добро.
Не треба да те загрижува. Симптомите ќе ги има па ќе ги нема, па пак ќе доаѓаат и така во круг. Само со лесно и без мачнини да си поминеш
Дали е нормален водест исцедок? 8ма недела терам и последниве 2 дена имам на гаќите како водест исцедок, мокри ми се така по малку и плус бело кремав исцедок имам. Во петок сум на контрола ќе си прашам ама некоја да не имала слично искуство.
Примаш ли некаква вагинална терапија? Обично од тоа знае. Мене и од топло знае да ми се појави, а понекогаш едноставно и бешиката си пушта по малку. Баш тој период многу често, ама стварно многу честомокрев. Мислам на 15 минути бев во тоалет.
Вагинална терапија не примам. Орално дабростон, витамини и клексани. Баш ми е чудно зошто не е толку топло деновиве за да се потам а за мокрење често си одам и јас ама не мириса воопшто ова на гаќи затоа и ми е чудно.
Штом нема мирис и иритација би требало да е нормално, ама ако ти е шубе направи урина и урино култура. Знам и јас исто реагирав и испитав се можно па сега сум пораат
И мене така ми беше и ми е. Како изводенати малце повеќе, флека водена шо би се рекло. И сега имам, мешано жолто. Не ме пецка не ме чеша. Немам правено урино, на обична мокрача чисто беше. А брисовите чисти беа.
Девојки, сакам првиот преглед за да си го видам бебенцето да одам во Систина, дали може да ми предложите добар доктор според вас ?
Пример сечено и спакувано сувомеснато. Читав некаде дека може доколку се загрее претходно ( пример сендвич во тостер ).
Нема врска сечено/спакувано. Се мисли на која температура е обработено. Знам дека сланина, пушено што го викаат, не смее. Ова кулен 20г не сум јадела искрено не знам дали е такво. Со тостерот не е доволно, потребно е месото добро да се пржи/вари/пече или фабрички да е обработено. И на опаковките од млечните производи (посебно врсти на сирења и кашкавали) секогаш гледам дали е стерилизирано млекото. Тирамису на пример не смее поради јајцата.
Дали пиеш доволно течности? Во првата бременост ми се појавија неколку пати и откако ќе зголежев внес на течности се регулираше. Е сега ако и понатаму се појавуваат се индикација за понатамошни испитувања.
Да, мене. Не внесував доволно течности, исто како што кажа членката погоре. Дехидрирана си, пиј повеќе вода.
Да најверојатно е тоа, од секогаш сум имала проблеми со пиењето вода, така да сега ќе се потрудам да пијам повеќе па пак ќе испитам.
Здраво, дали до сега ви препишале и сте користеле вагиналети polygynax во 8ма недела од бременост? Ми ги препиша гиникологот бидејќи имам исцедок кафеава боја, но колку што знам до 12 недела не даваат антибиотска терапија, па уште и на неземени брисеви...