добро значи не сум сама на работа дека со униформа уште од сега треба да нарачувам труднички панталони .....новата гардероба што си ја земав ке сачека ке се враќам одма во трудничките фрамерки од пред 3 години
Не е баш моево гадење.. Јадам све за машала апетит послем тоа е проблемо од кога ќе се најадам почнува Иначе сум 6+4 Со првото дете бев ужас буквално повраќав кај ќе стигнам и првото тромесечие бев на киви и јаболка и со страшна несоница (цела бременос) Оваа е скрос различна али ајде можеби е рано
Ох и ти си се вадела од памет како јас сега… Каков ти беше исцедокот? И што ти кажаа тогаш која била причината? лежам одмора ама мисли ме потепаа
Ми велеа дека многу често се слуќува во рана бременост, скоро секоја втора трудница се соочува со ваков проблем. Јас сум и со аспирин и клексан заради мутации, па вториот пат кога прокрварев обилно ми го прекинаа само аспиринот ама за кратко пак ми го вклучија. Подоцна ми видоа хематом ама никој не рече дека од него било крварењето.
Имав и јас на два пати бледо розев исцедок на бришење и нормално паники одма, лоши сценарија. Од тогаш сум со Утрогестан 2х200 и за сега е во ред. Осма недела сум и времето ми поминува ужасно бавно. Сите сме со стравови, која од лични, која од туѓи искуства и јас не се снаоѓам баш најдобро. Пробувам да си ставам во глава дека правам сѐ што е во моја моќ, слушам доктори, одам на контроли и тоа е тоа. Не можам да ги имам сите конци во раце. Мислев дека најтешката работа е да дојдам до позитивен тест, ама ова со првово тромесечие... Па барање симптоми, па трчање во вц после секое чувство долу..
Мислам дека во ова сето има виша сила, ако е за нас бебенцето ќе биде тука до крај и покрај стравовите и стресовите што ги имаме…. Апсолутно исто се чувствувам како тебе, веќе стравот ми влезе во глава, и само мислам дека ме боли, како нешто да ми претекува и само се проверувам. Потајно верувам дека ќе е се во ред, и за момент кога сум со такви мисли ете ти го Ѓаволчето застанало над глава и пак со истите мисли полни со страв… Кој рече дека блажена состојба е лесна м? Нека ме советува како да применам
хахахаха истоооо!!! По два три пати повраќам ама гадењево е страшно… сабајле напраив едно смути на гладно и ми беше многу подобро… и ладно ме освежи и ми намали гадење…. Туку имам течна столица, не е дијареа бидејќи е само еднаш ама течно е како дијареа, можно е да од магнезиум шо примам?
Уживај дур ја имаш Која недела си? Јас до кај 6та имав течна столица, сеа не можам да одам во вц, кажувајте некое чаре. Ептен сум подуена.
Леле јас 4 дена немам отидено во вц,дури страв ме фаќа,запек е бетер него дијареа мислам… Кажувајте чаре друго освен сливи,неможам да ги поднесам во бременоста
Да бе стварно ми текна и мене преска тоа,пошто јас пред да останам трудна пиев магнезиум директ со б комплекс и се чудев зашто имам течна столица,од нив било. Ааа ке земам пак ке си пијам сега
Можеш и две да испиеш, ќе се прочистиш хахахаха. Замисли јас што понекогаш при поголеми болки пијам и по 3 магнезиума како одам во вц
Ууу можам да замислам,ја од едно на ден како идев а со 3 леле јаоо Ама сега во бременост пошто ништо не е исто како што било,ке видиме како ке ми биде може и мене ке ми треба по две три А пред некој ден кај матичната коа бев и викам имам грчеви во матката ми рече пиј си магнезиум и не се напив Еее да си се напиев тогаш немаше сега вака да се мачам,ама ке се напијам после обавезно пошто сеа не сум дома. Ми се надувал стомакот мислиш 5 месец сум а не 7-8недела
Нели во труднички имаа пишано дека има два типа на магнезиум, едниот може да предизвика дијареа? Не знам дали е подобро магнезиум или некој лаксатив искрено.
Јас ваков имам дома незнам кој тип е,ама коа го пиев пред да останам трудна ме тераше нормално во вц да си идам дури и потечно.
Да, во директот имам магнезиум оксид и тој има лаксативен ефект. Додека магнезиум цитрат не предизвикува таков ефект.