Вчера бевме на прв преглед, го запознавме бебче на ехо. Имаше биење на срценцето, и се изгледаше во најдобар ред. Следен преглед за 2 недели. Ми рекоа да си направам и тестови за глукоза и тироидна, поради тоа што ги имам во фамилија, за секој случај и така. Ке правиме и пренатален но тоа за некоја недела. Туку сакав да прашам, колку ехо прегледи се задолжителни во Мк? Овде имало некој опционален во 13та недела, за да се провери како напредува бебчето. Но потоа во 20та недела секако го има истиот скрининг. Во 13та е да се провери дали се во ред се развива и да се детектира нешто на време, но негативната страна е што може некои работи да не изгледале најдобро, но да се средат до 20та недела (и само да си направиме стрес), така ни објаснија. Како е кај нас? Што мислите за тоа?
Извини вака во која возраст спаѓаш ме интересира ради пренаталниот , и првата пред колку време ти е била
Честитки секаде е исто, прв скрининг е во 12 недела, втор во 22 и трет мислам 30 недела. Во 12 се гледа дали има бебето некој хромозомски аномалии ( даунов синдром..), на вториот се гледаат детално органите дали се добро развиени.
Ти благодарам! Јас разбрав дека тој во 13 недела бил со иста цел како тој од 20 недела (за органите и физички како се развива) но можеби не сум разбрала добро. Ке си прашам пак изгледа.
Ти закажаа за прв скрининг на ГАК? Супер како успеала да најде термин матичната, во првата бременост знам неможеше никако да најде термин, се надевам сега ќе успее да најде. Тука некаде сме јас сум 7+6 денес.
Па ако имаш простор да бираш нека биде во 12та недела првиот скрининг кај нас така е препорачливо најдоцна 13 но оптимално сите го правиме во полна 12та пред 13та да влеземе . Тој не е за органите дека е премслецко , мислсм гледаат нешто и органи но примарно е за носна коска и нухален набор ( индикатори на даунов)
Благодарам за информацијата! Бидејки ке правиме пренатален, дали воопшто има потреба во тој случај да го правиме скринингот во 13та? Само гласно размислyвам, мислам дека сепак би сакала да го направам.
Направи си го сепак и скринингот. Пренатален и во двете бремености правев, но и на скрининг обавезно одам, не би оставила само на пренатален.
Убаво е да го направиш, ќе му ги боројат прстињата, носето, 'рбетот, ќе го видиш како мрда, колку е долго, за која недела си одговара. Немој никој ама баш никој скрининг или преглед да пропуштиш, од брисеви, пап до скриен шеќер.
Да,јас термините сум ги гледала за втор скрининг,е за тој нема. А за прв во соба 36 вчера баш гледав имаше многу слободни во декември. Јас закажав за 12+2 ,27ми декември.
Не се гледаат термините во делот Суб-специјалистичка амбуланта за фетален скрининг и супервизија? Погрешно сум гледала јас? Може и во собите да се прават скрининзи ? Се сум заборавила од првата бременост....
Не знам каков ви е таму пренаталниот оти овде кај нас регуларно тој период се прави Приска , другите прецизни пренатални коштаат доста 700-800евра и ги прават обично по препорака од доктор ако спаѓаат во некоја ризична категорија или евентуално чисто од желба ако не им е проблем да одвојат таква сума . Инаку кај нас тој регуларниот -Приска е многу нерелевантен и е повеќе статистика него ли веродостоен затоа обавезно правиме скрининг во 12та . Еве јас со двете бремености поминав добро на скрининг и не ми прсвеа Приска ниту еднаш до сега . За тоа доколку пренаталниот е Приска или нешто слично на него е убаво да си направиш скрининг а ако е некој попрецизен подобар пренатален пд скрининг можеби и ќе немаш потреба .
@Luminary ако имаш можност не го пропуштај првиот ехо скрининг. Пренаталните тестови преку крв што се прават се занимаваат со хромозомски нерегуларности, а на ехо се гледаат и други работи. Мојот доктор на тој скрининг покрај тоа што мереше нухален набор, исто така гледаше и дали се развиени сите органи и екстремитети. Буквално прст по прст броеше.
NIPT го викаат овде, мислам дека е еден од прецизните што ги спомна, не e Приска. Ние ќе го правме по избор. Но мислам дека сепак би сакала да го правам и тој скрининг од 13 недела, без разлика. Ви благодарам на убавите совети девојки.
Мислам дека и со добар резултат од кој и да е пренатален (Нифти, Панорама, Верифај и сл.) не треба да се прескокне првиот скрининг.
И јас така мислам искрено. Се збунив малку дека овде го даваат како опција, буквано ми кажаа дека не морам да го правам ако не сакам, па си реков да прашам.
Jas sum 14+4 celo vreme sum pusela! Ne mozam ni da gi namalam ni da gi otkazam! E sega imam moi bliski sto isto ko mene pusele do kraj i sve bilo vo red i so niv i so bebinjata… ne znam so da recam normalno deka da ne se pusi ic e po ubavo pak ako gledame od druga strana nekoi sto ne pusele nikoj pat vo zivotot imale problemi so bebeto… na ova i Jas ne znam sto da kazam posto se uste pusam!